16.8 C
Скопје
14:08 - 4 мај, 2024

Во Тетово уапсен еден од разбојниците кој пред 11 години ја ограби Прокредит банка

Лицето Р.И. (34) едно од осомничените за грабежот на Прокредит банка по кого била распишана потерница, вчера бил уапсен во Тетово, по што бил спроведен во ПС Тетово. Оттаму е пренесен во ПС Кисела Вода, по што бил спроведен во КПУ Идризово, пренесува „Курир“.

Тој е осуден на осумгoдишна казна затвор за вооружен грабеж кој се случи во Скопје во 2009-та година, а лоциран е од „тигрите“ по претходна дојава.

Р.И. е еден од ограбувачите на Прокредит банка кој пред 11 години од експозитурата на Прокредит банка украде околу 50.000 евра, а за време на престрелка со автоматски пушки беа ранети тројца полицајци.

За време на грабежот на 10 април 2009 година повредени беа и неколку граѓани, кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.

Кривичниот суд во февруари 2010 година му изрече казна затвор од осум години на Флорим Малоку од Косово, првообвинет за грабежот на Прокредит банка, во центарот на Скопје. Иста казна добија и Идриз Рустеми и Авдиљ Тахири, на кои им се судеше во отсуство, додека Бислим Тахири за помагање заработи пет години затвор.

The post Во Тетово уапсен еден од разбојниците кој пред 11 години ја ограби Прокредит банка appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....