22:43 - 22 декември, 2024

Македонците навиваат: Трамп за спас на планетата, Бајден за ропство на човечкиот род?!

Изборите и изборните резултати од претседателските избори во САД, не само што се во фокусот на вниманието на целиот свет, туку и на Македонците кои на социјалните мрежи деновиве навиваат кој да победи. Џо Бајден или Доналд Трамп? Кој е подобар?

Луѓето се поделени, но интересно е дека оние што го поддржуваат Трамп, главно се истите оние што на социјалните мрежи постојано ги шират познатите теории на заговор поврзани со коронавирусот, од типот дека вирусот не постои, дека целта е да нѐ вакцинираат и да нѐ чипираат, дека ќе нѐ претворат во робови и слично.

Според овие луѓе, доколку победи Трамп, сѐ ќе се врати во нормала. Ова оттаму што и Трамп во своите настапи и говори постојано повторува дека вирусот не е страшен, па дури еднаш и кажа дека лекарите земале пари за секој пријавен починат од ковид-19. Некои дури одат дотаму дека коронавирусот бил измислен само за да се тргне Трамп од власт, а по изборите, доколку тој повторно влезе во Белата куќа, вирусот ќе исчезне.

„Милион луѓе ми пишувате до вчера бевте за Трамп, сега сменивте страна, типично балканска работа. Сто проценти победува Трамп, нема закон кој може да го извади од Белата куќа, не разбирате политика и закони, ќе било исто кој и да победел. Не е исто, ако победи Бајден е задолжителна вакцина и тест, ако не камп, ако победи Трамп ќе се отвори сѐ живо, така што за вас е исто, за мене не е“, стои во еден од коментарите на Фејсбук.

Длабоката држава е исплашена, но сценариото за да победи Бајден го реализираат. Поплава со вода однесени и оштетени многу гласачки ливчиња, стопирано броењето, по пошта таму каде што води Трамп тесно не доаѓаат гласачки ливчиња, не се бројат.“

„На Си-ен-ен цел ден се пењават и прават комбинаторики како да му ја украдат победата на Трамп. Фејсбук, Ал Џезира, Би-би-си.

Ова се гласилата за дезинформација и конструкција и за избори и за пландемија.“

„Не е ни чудо дека гласовите ги крадат. Тие ја ставија цела планета на колена борејќи се човекот во фази да го погубуваат, а само клановите сценаристи да се богатат. Сега нема назад. Ова би било не само губење на изборите, туку губење на поставеното заробеништво на планетава.“

„ЦКБ во САД ги повика и оние во карантин да одат да гласаат. Вирус или избори? Разбуди се.“

„Ова е само да знаете дека Трамп одамна знае што сѐ ќе се случува.

Вирусот, нередите, пожарите, сето тоа беше за да ги добијат изборите. Но, народот е со Трамп и тој веќе победи“, се коментарите на дел од поддржувачите на Трамп.

Се разбира, ваквите ставови не се нови и тие се дел од теориите на заговор поврзани со коронавирусот, кои почнаа да се јавуваат и да се шират уште од самиот почеток на пандемијата.

И покрај тоа што се покажа дека вирусот не е шега и дека секојдневно зема голем број човечки животи, секаде во светот па и во Македонија, сепак сѐ уште постојат луѓе што велат дека ковид-19 не постои и дека не е опасен.

Антиваксерите, пак, одлично ја искористија пандемијата за да шират лаги и невистини дека крајната цел е сите луѓе да се вакцинираат и преку вакцините да им се вградат чипови преку кои глобалистите ќе нѐ контролирале. Оваа теорија на заговор повеќе сервиси за проверка на факти ја имаат разобличено.

The post Македонците навиваат: Трамп за спас на планетата, Бајден за ропство на човечкиот род?! appeared first on Слободен печат.


Македонците навиваат: Трамп за спас на планетата, Бајден за ропство на човечкиот род?! was first posted on ноември 6, 2020 at 10:53 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....