11.8 C
Скопје
21:12 - 28 март, 2024

Македонците јадат поскапо месо од Германците

Во поголемите маркети може да се забележи зголемување на цената на месото, а само за споредба, еден килограм пилешки батаци кај нас е околу 170 денари, додека во Германија тие чинат само 2 евра (120 денари).

„Слободен печат“ ги посети поголемите маркети со цел да дознае дали навистина цената на месото е зголемена.

– Точно е, има зголемување на цената на свинското, телешкото, јунешкото и пилешкото месо, но тоа се случи некаде во ноември месец. Причината не ни е позната, а исто така мора да напоменеме дека истата зависи од тоа дали некој производ е на акција, па така и купувачите можеби се збунети со дознавањето на вистинската цена – ни изјавија од еден од синџирот маркети.

Исто така забележавме дека цената за еден килограм телешки бут била 650, а сега е 730 денари. Јунешко претходно се продавало под 380 до 450 денари, а сега е над 450 денари. Зголемување има и на цената пилешкиот стек кој е речиси 400 денари, а истото можеше да се забележи и кај свинското месо.

„Слободен печат“ ја праша Групацијата на производителите и преработувачи на месо при Стопанската комора на Македонија, дали постојат некои причини за зголеменувањето на цената.

– Причини за покачување има повеќе, но основна е пазарната ситуација кај нас, во поблискиот регион и на глобалниот пазар, каде цените се зголемени за 3 пати како резултат на болеста „свинска чума“, која предизвика нарушување на светскиот пазар на месо – велат од Групацијата.

На прашањето, дали постои некаква методологија по која се одредува цената на свежо месо, оттаму ни одговорија:

– За одредување на цената нема методологија, напротив – истата се формира врз основа на пазарните услови, сезоната на потрошувачка (пости, празници), можности за набавка и дотур од увоз, како и моментално домашно производство, додаваат од Групација на производителите и преработувачи на месо.

Германската канцеларка Ангела Меркел во текот на неделата организираше кризен „самит на месо“ на кој ги повика раководителите на најголемите ланци за малопродажба, на кој побарал од нив под итно да се зголеми цената на месото.

Меркел ги покани претставниците на Лидл, Алди, Реве и Едека да присуствуваат на состанокот што го организираше со министерката за земјоделство Jулија Клокнер и министерот за економија Питер Алтмаер.

– Пилешките батаци на мало чинат само две евра за килограм и тоа е едноставно непристојно, како и нездрживло – рече министерката Клокнер.

Министерот за економија исто така најави дека се разгледуваат регулаторни мерки и специјални давачки доколку не се зголеми цената на месото.

The post Македонците јадат поскапо месо од Германците appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....