4.8 C
Скопје
15:01 - 21 декември, 2024

Македонска докторка во Љубљана, го прегледала првиот пациент со коронавирус во Словенија

Македонска докторка која работи на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, како специјализант по општа хирургија, го прегледала првиот дијагностициран случај со коронавирус во Словенија. Наташа Алексовска, веќе девет години живее и работи во Словенија, а со овој пациент стапила во контакт за сосема друг преглед, но само пет дена пред да му биде утврден вирусот.

– Не го прегледав заради симптоми на коронавирусот, туку на Трауматолошки ургентен центар поради повреда, да нема забуни – вели таа.

Иако била во контакт со пациентот, Алексовска не се исплашила, зашто, како што вели, откако бил потврден коронавирусот кај пациентот, сите доктори што биле во контакт со него, биле испратени дома и биле тестирани за ковид 19.

-Ни се јавија истиот ден, каде да дојдеме за брис, ни земаа брис. Попладнето ми се јавија да ми кажат дека е негативен, но бидејќи е ризичен контакт, да останам дома до истекот на 14 дневниот инкубациски период и за една недела имав контролен брис, кој повторно беше негативен – вели Алексовска за ,,Слободен печат”.

Запрашана за состојбата со ковид 19 во Словенија, таа информира дека до 14 часот вчера, земени биле 4.346 брисеви од кои 141 биле позитивни.

– Во Словенија до вчера беа земени 4.346 брисеви и од нив до 14 часот беа потврдени 141 случај на коронавирус. На брис тука одат сите контакти на веќе заразените, луѓе со симптоми на вирусно заболување, здравствени работници итн. Бројот на заразени во Словенија расте брзо и во наредните денови очекуваме уште поголем број на заразени. Да напоменам, брисот за ковид 19 не се изведува во самите болници или здравствени домови, туку на посебни пукнтови, кои се близу здравствените домови. Протоколот е таков, да се јавиш кај матичниот лекар кој им кажува на луѓето на точно кој пункт да одиш за брис. Воспоставен е и бесплатен телефонски центар за луѓето кои имаат прашања околу тоа дали има смисла да се тестираат, какви се симптомите итн. Многу е лошо, пациент со симптоми на вирусот да дојде во здравствена установа, да чека преглед на матичниот доктор или специјалист, ставајќи ги во ризик останатите луѓе околу него – додава Алексовска.

Запрашана за начинот на кој животот се промени во Словенија како последица на глобалната епидемија од ковид 19, Алексовска вели дека во оваа земја, мерките и животот се менуваат од ден во ден.

– Ширењето на вирусот преминува во втора фаза овде, што значи дека е веќе тешко епидемиолошки да се следи секој поединечен пример на заразен, посебно да се испитуваат неговите контакти и блиски. Медицинскиот персонал во болницата на сите оддели носи заштитни хируршки маски. Инфекциската клиника се реорганизираше во клиника за ковид 19. Јавниот живот е сопрен, луѓето се дома. Владата вчера испрати апел, луѓето да се воздржуваат од социјални контакти колку што е тоа можно а беше активирана и цивилната заштита и беше формиран кризен штаб – додава таа.

Советите се исти како и за сите земји погодени од вирусот, да се придржуваат до превентивните мерки, редовно да ги мијат рацете, да се воздржуваат од социјални контакти кои не се итни, да ја следат здравствената состојба и да се самоизолираат.

-Паниката не е потребна, но никако не смее и опасно е, да се потцени потенцијалот на овој вирус. Две недели е мал временски период, но може многу да му помогне на целото човештво. Потребна е солидарност, сплотеност и разум, за да се сопре ширењето на овој вирус во најголема можна мера – додава Алексовска.

The post Македонска докторка во Љубљана, го прегледала првиот пациент со коронавирус во Словенија appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....