3.8 C
Скопје
21:15 - 20 декември, 2024

Целосен карантин во Македонија ќе нема!

Ниту главниот кризен штаб, ниту Комисијата за заразни болести не предлагаат карантин на територијата на Македонија, затоа што се чека да се види дали мерките што се на сила, како задолжително носење маска на отворено и затворено, забраната за групирање и преполовувањето на капацитетот на јавниот превоз, како и ротацијата на вработените во јавната администрација ќе дадат резултат и ќе го намалат притисокот врз болниците кој деновиве се засилува.

Бројот на хоспитализации е алармантен, поради што и одделенија на Клиничкиот центар кои не се наменети за ковид, се преуредија да можат да ги примаат болните со тешка клиничка слика.

На кризниот штаб кој се одржа вчера, како што дознава ,,Слободен печат” од свои извори присутни на состанокот, се разговарало за тоа да се затворат или некако да се контролираат јавните паркови и површините каде што младите се собираат навечер, сега откако угостителските објекти не работат после 21 часот.

Во четврток ќе има состанок на Комисијата за заштита од заразни болести, но оваа комисија исто така не предлага карантин. Тоа е крајна опција, а се работи на тоа да се обезбедат мерки кои ќе симулираат полициски час, без тој официјално да се воведе. Дека и медицинскиот кадар е на работ на истоштеност и болничките капацитети се кнап, покажува и одлуката да се ангажираат лица од Армијата кои ќе помагаат на терен.

Последната статистика на Институтот за јавно здравје покажа дека од 2.667 направени тестови, позитивни се 978 граѓани. Триесет проценти од тестовите целата измината недела беа позитивни, а дури 26 лица починале како последица од компликации со Ковид 19 за еден ден. Не се размислува за карантин ниту на Комисијата за заразни болести.

– Во четврток имаме состанок и нема таков предлог засега, ни рече епидемиологот доктор Александар Стојанов и член на Комисијата за заразни болести. Околу 980 граѓани се хоспитализирани низ болниците затоа што развиле потешка клиничка слика на Ковид 19.

За еден ден 55 лица побарале болнички кревет зашто состојбата им се влошила на домашно лекување. Едни пациенти се отпуштаат други се примаат и тешко е да се прогнозира кога ќе снема болничко легло. Она што охрабрува е дека од вкупниот број активни случаи, се намалува бројот на кој што им е потребен болнички третман.

Сега има поголем број инфицирани со полесна клиничка слика и на домашно лекување, но од друга страна, оние на кои симптимите им се влошуваат, поминуваат многу потешко отколку летото или на почетокот од пандемијата.

Границите и аеродромите нема да се затворат, зашто помалку од 3 проценти од инфицираните дале податок во епидемиолошките анкети дека патувале, така што отвореноста на границите не е ризик зашто вирусот се шири дома, локално, преку собири и блиски контакти, а не зашто е донесен од надвор.

Министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање посочи дека состојбата со Ковид е критична, а болниците ги полнат сите капацитети.

-Пред нас е најтешкиот период на справување со пандемијата. Барам сите да сме максимално одговорни и свесни за сериозноста на состојбата. Вирусот е широко распространет и секое најмало невнимание или непочитување на мерките за заштита може да значи инфекција. Сега ни е потребна поддршка повеќе од било кога во изминатите осум месеци. Тоа што го бараме како здравствени работници е навистина малку, само да го штитите сопственото здравје, рече Филипче.

Нашите соседи пак, не тактизираат со рестриктивните мерки. Во Грција граѓаните можат да се движат само ако претходно испратат смс порака и тоа за да излезат на лекар или до продавница. Ноќните клубови, средните училишта, универзитетите и рестораните се затворени, а работат само основните училишта и градинките.

Ваквите мерки во Грција ќе се на сила до крајот на месецов по што ќе се евалуира состојбата и ќе се делува понатаму. Германија ја стави Македонија на листата на високоризични земји и од 8 ноември за сите кои доаѓаат од Македонија во Германија ќе важи задолжителен карантин од десет дена. Тој може да биде скратен ако засегнатото лице приложи негативен ПЦР тест на коронавирус но најрано пет дена откако ќе влезе во Германија.

Досега задолжителниот карантин во оваа европска земја беше 14 дена. Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека цел ноември ќе има карантин на национално ниво кој вклучува затворени барови и ресторани, отворени училишта

Македонските државјани ќе се лечат од Ковид 19 во Србија и Албанија бесплатно

Доколку на македонски државјанин кој ќе се најде во Албанија или во Србија му биде потребна здравствена заштита за лекување на Ковид 19, трошоците за лекувањето ќе ги преземат здравствените фондови на овие две соседни земји. Ова се предвидува со меморандумот кој го потпишаа Македонија Србија и Албанија.

Бесплатно лекување во Македонија ќе добијат сите државјани на Србија и Албанија кои ќе се затекнат во нашата земја, како реципроцитетна услуга. Доколку некој граѓанин се затече во Србија или Албанија и треба да се лекува таму, државата каде се наоѓа ќе ги преземе трошоците за неговото лекување. Истото важи и за државјани на Србија и на Албанија ако се затекнат тука.

Со тоа нема да треба граѓаните на трите земји да плаќаат за лекување од свој џеб, изјави премиерот Зоран Заев по потпишувањето на меморандумот. Трите земји заедно ќе работат да ја обезбедат вакцината и ќе си помагаат ако во некоја од нив дојде до оптоварување на здравствениот систем. Патувањето меѓу трите земји ќе се одвива без ПЦР тест.

The post Целосен карантин во Македонија ќе нема! appeared first on Слободен печат.


Целосен карантин во Македонија ќе нема! was first posted on ноември 10, 2020 at 12:36 pm.

Слични објави

Почнува најдобриот Д Фестивал досега!

Еспресо

Велковски се закани: Данела Арсовска да се извини во рок од 48 часа, ќе ја тужам за клевета

Еспресо

„Супер лут предизвик“ – Во петок во Кавадарци натпревар во јадење лути пиперки

Еспресо

Заврши куќниот притвор за Ламбе Алабаковски: Како мерка на претпазливост одземен му е пасошот на пејачот

Еспресо

Кои се обичаите на Духовден раскажуваат старите скопјани и битолчани

Еспресо

Пејачот Ламбе Алабаковски го признал извршувањето на кривичното дело – подметнување на пожарот пред културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола

Еспресо
Се вчитува....