0.8 C
Скопје
22:07 - 18 декември, 2024

ЕМОТИВЕН АПЕЛ ОД МАКЕДОНСКА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА: Колку сме толку сме, тие сме и, за жал, сѐ помалку ќе бидеме!

Македонските здравствени работници со месеци се борат со короната и не е новост дека тие се веќе преморени и црпат енергија од „петни жили“ за да им посветат внимание на сите пациенти.

На социјалните медиуми вирално кружи фејсбук-објавата Вики Котевска, медицинско лице, која испраќа апел до цела македонска јавност.

Прочитајте го нејзиното обраќање:

„Колку сме толку сме, тие сме, и како тргнала работава сѐ помалку ќе бидеме..

И уште ако не сме Ви добри, што да кажам.. Заборавете ми го телефонскиот број за да прашате за совет, за да ме замолите за услуга, за врска, за да се исплачете…

Напад на секој здравствен работник е напад врз мене.. И време е да се свестите дека ние сме ви последното упориште, последната надеж… Последната шанса..

Затоа, ако не си вака до мене, било кој од Вас, бидете достојни да не нѐ кудите и да не нѐ судите.. Или пак бујрум до нас, ќе се најде работа, за сите има место да помогнат..

Да не биде дежурни кривци за сѐ труло шо се случува околу Вас, со Вас, за Вас самите..“