-3.2 C
Скопје
23:57 - 22 декември, 2024

Љума од „Медена земја“ е во државен карантин: Имам пријатели од поразвиени земји кои во многу полоши услови од нашите, па не се бунат

Минатата ноќ, кинаматографот на престижниот македонски документарец „Медена земја“, Самир Љума сподели на неговиот фесјбук-профил дека и тој е еден од нашите сограѓани кои со хуманитарен лет се враќаат од Мемингем, Германија.

Самир се согласил на 14 дневна самоизолација во државен карантин уште кога бил известен за тоа на аеродромот во Мемингем.

Откако авионот слета во Скопје, Љума на неговиот фејсбук-профил сподели неколку објави, а и видео посветено на атмосферата во автобусот. Како што напиша тој, откако пристистигнале чекале во автобус неколку часа без да знаат во која насока, односно во кој државен карантин ќе бидат однесени. Додека чекале, патниците почнале да бараат храна и вода, бидејќи во автобусот немало на располаѓање.

Самир сподели и видео (кое сега е избришано од неговиот фесјбук-профил) на кое се гледаше дека патниците се нервозни и пушат цигари. Кинематографот на камера влезе во конфликт со пушачите, односно ги замоли да не пушат во автобусот, на кои возачот им велел дека смеат доколку имаат шише во кое ќе ја истресат пепелта од цигарата. Кинематографот за „360 степени“ изјави: „Луѓето почнаа да имаат потреба и за цигара, и за храна, и за вода. Но, добро е сега затоа што пуштија дел да одат до тоалет, да видиме дали ќе ги пуштат и останатите. Никој не знае каде ќе не носат. Сега состојбата се смири, инаку некои патници запалија цигари во автобусот, гајле си немаа. Не се ниту тие виновни, но реагираа лошо кога јас реагирав зошто пушат во автобусот. Да се возевме три саати да разберам, ама запалија штом влеговме во автобусот. Најмногу е виновен возачот кој им дозволи“.

Љума сподели и твит во кој напиша „Кој ме тераше да се бунам…!

Во 3 часот по полноќ, Самир сподели објава во која напиша дека автобусот пристигнал во Десарет.

Денеска, Самир на неговиот фејсбук-профил ги сподели и впечатоците од минатата ноќ:

„По вчерашното патешествие сакам да ви кажам дека имам пријатели и од многу поразвиени земји кои се во карантин во многу полоши услови од нашите, па не се бунат. Индивидуалци кои сеуште не разбираат дека се работи за реален проблем со кој се соочуваме и се однесуваат неодговорно, не само што го загрозуваат сопственото здравје и здравјето на сите околу нив туку ги спречуваат и службите да ја вршат работата по одговорно. Шоферот од мојот автобус најверојатно поучен од предходните патници дека за “мир во куќа” дозволил да се пуши, го направил тоа за да можат да издржат луѓето 6 часа од слегување од авион до карантин.

Неизвесноста и нетранспарентноста за тоа каде ќе не сместат е исто така резултат на сите оние кои досега бегаат од карантин. Само што влеговме во дворот на Десарет еден од патниците коментира “тууу ова е полициско одмаралиште, нема шанси да побегнеме” па замислете полицијата која работи на спроведување на лицата до карантин со што се сѐ соочува.

Вода е неопходно да се обезбеди за патниците кои пристигаат со авиони и чекаат сместување во карантин. (следните кои патувате купете си за секој случај во авион цената во Визер е 180 ден за половина литар или 2.5евра)

Ќе издржиме и повеќе од 2 недели карантин само да сме здрави и живи. Седете дома за да може пак да се гушкаме.“

The post Љума од „Медена земја“ е во државен карантин: Имам пријатели од поразвиени земји кои во многу полоши услови од нашите, па не се бунат appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....