0.8 C
Скопје
22:16 - 18 декември, 2024

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на „ASC“ најпрестижната награда во кинематографијата

Најважната награда што може да ја посака еден кинематографер е оваа, вели Самир Љума кој заедно со Фејми Даут се добитници на 34 доделување на „ASC“ наградите за најдобра кинематографија за Документарен филм, објави „Форнтлајн.мк“.

Фејми Даут, Тод Филипс, Самир Љума и кинематографот од „Џокер“

Наградата на кинематограферите од „Медена земја“, нашите Самир Љума и Фејми Даут им ја додели режисерот и продуцент на „Џокер“ Тод Филипс. Тој во својата најава покрај другото како што пренесува Dedline.com рече дека ова е златно време на документарниот филм (golden age for documentaries).

Најпрестижната награда што може да се додели во светот на кинематографијата е токму „ASC Award“ награда, којашто ја доделува Американската асоцијација на кинематографери (ASC).

34th Annual ASC Awards – Documentary Award/Fejmi Daut and Samir Ljuma for Honeyland

The inaugural ASC Documentary Award winner: Fejmi Daut and Samir Ljuma for Honeyland. The award was presented by director Todd Phillips..This was the first ASC Award nomination and win for both the filmmakers. For their work on Honeyland, Daut and Ljuma won the Cinematography Award at the 2019 Sundance Film Festival. Honeyland has also been nominated in the Best Documentary Feature and Best International Feature Film categories of the 2020 Academy Awards. #ASCAwards

Publiée par American Cinematographer sur Samedi 25 janvier 2020

Ова е интервјуто со Самир Љума и Фејми Даут после побивањето на наградата:

„Медена земја“ има добиено повеќе од 15 награди на престижни фестивали ширум светот.

Тука секако се трите награди од „Санденс“ фестивалот, а „Медена земја“ пред неколку дена ја освои наградата за „Најдобар документарец“ на Националното друштво на филмски критичари и на Друштвото на филмски критичари во Њујорк, а Самир Љума и Фејми Даут ја добија наградата „Филмско око“ за исклучителни достигнувања во кинематографијата.

После „Пред дождот“ повторно еден македонски филм влезе во номинациите за Оскар, но овој пат тоа е историски успех зашто „Медена земја“ е номинирана во две категории. Македонскиот филм „Медена земја“ е номиниран за награда Оскар во категориите: „Најдобар документарен филм“ и „Најдобар интернационален долгометражен филм“.

Церемонија на Деведесет и второто доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари во Холивуд во театарот Долби.

The post Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на „ASC“ најпрестижната награда во кинематографијата appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....