3.8 C
Скопје
18:51 - 18 декември, 2024

Лукаревска фати жежок костен

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на прес-конференцијата во средата детално ги презентираше бројките околу полнењето на државната каса. Најпоразително прозвучи бројката дека има пад на ДДВ од 79 проценти.

„Податоците од 1 до 14 април се следни: Има пад на ДДВ од 79 проценти, со назнака за зголемен поврат од 51,7 проценти, пад на данокот на личен доход од 6 проценти и пад на добивката од 9,97 проценти, или вкупно споредено со истиот период од 1 до 14 април 2019 година ,има пад на приходите од 38,15 проценти“, рече Лукаревска.

Фактот дека најголемиот даночен приход има таков драматичен пад, ги „запали“ ушите на новинарите и тоа беше тажната вест на денот за состојбата во државната каса.

Но, набргу Лукаревска испрати демант, во кој вели дека новинарите извлекле несоодветен заклучок кога ставиле наслов: „Пад на наплата на ДДВ за 79 проценти“, затоа што станува збор за нето-ДДВ.  И тоа е точно, затоа што „зајакот лежи“ во зборот „наплатата“. УЈП наплатила повеќе ДДВ, но кога им го вратила делот на фирмите што им следува како поврат за веќе платен данок за репроматеријали, или услуги, останал значително помал износ на ДДВ, или како што вели Лукаревска, нето-данок.

Но, не случајно Лукаревска на прес-конференцијата го презентираше податокот за нето-ДДВ, а не за бруто-ДДВ, и така го фати жешкиот костен на вистината. Токму тој нето-ДДВ, преведено на обичен јазик, значи дека толку пари се на располагање во државната каса, како нов износ за периодот од првите две недели од овој месец. Затоа таа и го спореди овој нето-износ со нето-износот од лани. Да се види реално расположливиот приход.

Споредбите со бруто-ДДВ даваат помалку застрашувачка слика, која Лукаревска дополнително ја објасни во реакцијата до медиумите. Ако се спореди колку се собрал ДДВ во бруто-износ во првите две недели од април годинава во однос на истиот период лани, тогаш намалувањето на бруто-ДДВ е 29,19 проценти. Овој податок, пак, ја отсликува економската состојба во државата и покажува дека економската активност и потрошувачката не е толку утепана за да има пад на ДДВ за 79 проценти, иако и 29,19 проценти не се за потценување.

Причината на значително поголемиот пад на бруто-ДДВ од нето-ДДВ, пак, лежи во зборовите на Лукаревска дека имало зголемен поврат на ДДВ за 51,7 проценти во однос на лани. Очигледно државата поради здравствената криза, притисокот на стопанствениците и нивните реакции во јавност, станала многу поажурна од лани во повратот на ДДВ, што законски им следува на даночните обврзници.

The post Лукаревска фати жежок костен appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....