-4.2 C
Скопје
03:18 - 23 декември, 2024

Лекар разби 10 основни митови за заразувањето со ковид-19

Над 2 милиони луѓе се заразени со коронавирусот кој брзо се шири, а жртвите се веќе над 120.000. Во последните месеци, веста за заразата е толку голема што во морето од информации не може јасно да се издвои вистината од фикцијата.

Д-р Фахим Јунус, шеф на одделот за инфективни болести на болницата „Универзитет Мериленд“ во Соединетите држави, сепак, разби 10 од најпопуларните митови за коронавирус.

Еве ги:

Мит #1: Коронавирусот ќе исчезне со почетокот на летото.

Претходните пандемии не зависеа од временските услови. И дури и кога ќе дојде летото, зимата започнува во јужната хемисфера. А вирусот веќе е раширен низ целиот свет.

Мит #2: Во текот на летото, вирусот ќе се шири повеќе заради комарците.

Коронавирусот се пренесува со воздушни капки, а не со крв. Значи, комарците нема да влијаат на ширењето.

Мит #3: Ако можете да го задржите здивот десет секунди без проблеми, немате ковид-19.

Повеќето млади пациенти со коронавирус можат да го задржат здивот подолг период. А многу постари лица не можат да го сторат тоа дури и без вирус.

Мит #4: Тестот ковид-19 не е достапен за секого, можете да станете крводарител и вработените сами ќе проверат се.

Во крвта не постои проверка за коронавирус, така што овој обид ќе заврши со неуспех.

Мит #5: Коронавирусот живее во грлото. Затоа, треба да пиете многу вода, така што вирусот ќе влезе во стомакот и киселината го убива.

Вирусот продира во грлото, но се всадува на клеточно ниво и не можете да го измиете. Единствено до што ќе доведе водата за пиење се честите посети во тоалетот.

Мит #6: Сите овие самоизолации се бескорисни. Вирусот не прави толку многу штета.

Ако (се надеваме!) немаме голем број заразени лица, ова јасно ќе покаже дека изолацијата работи. Не дека вирусите отсекогаш биле незначителни.

Мит #7: 30 000 луѓе годишно умираат во несреќи. Зошто сите толку се плашат од ковид-19?

Најмалку, затоа што несреќите не се пренесуваат со воздушни капки и бројот на жртви не се дуплира на секои три дена. Тие не предизвикуваат масовна хистерија и колапс на пазарот.

Мит #8:  Дезинфекционите средства ги штитат рацете подобро од сапун и вода.

Сапунот и водата го убиваат и измиваат вирусот од кожата (бидејќи не можат да навлезат во клетките на кожата).

Мит #9: За да не се инфицирате, мора да ги избришете и дезинфицирате сите рачки на вратите во куќата.

Доволно е да ги измиете рацете и да останете подалеку од луѓе на 1,5 – 2 метри. И, ако немате болни луѓе дома, не треба постојано да ги бришете површините.

Мит #10: ковид-19 е специјално дистрибуиран од американската или кинеската војска.

Тоа сериозно тврдење ли е, прашува докторот.

The post Лекар разби 10 основни митови за заразувањето со ковид-19 appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....