0.8 C
Скопје
22:59 - 18 декември, 2024

Куферите спакувани, се чека на отворање на границите: Македонците и оваа година најмногу сакаат да се ладат во Грција

Пред три дена нашата земја ги отвори сите гранични премини во државата, со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР тест и државен карантин. Но она што се уште е непознато, е дали македонските државјани ќе се најдат на листата на Брисел за влез во земјите на Европската Унија. Како што посочи минатата недела министерот за надворешни работи, Никола Димитров, Европската Унија ќе донесе препорака кон земјите членки, но одлуката дали таа ќе се применува и како ќе се применува ќе биде национална, односно на земјите-членки, а препораката ќе се менува и ќе се ажурира на секои 14 дена во однос на случувањата околу епидемиолошката слика на сите земји.

Грција вчера донесе специјален протокол за сите туристи. Специјален образец со лични податоци, траење и адреса на престојот во Грција, ќе треба задолжително да имаат пополнето најмалку 48 часа пред пристигнувањето, сите оние кои од 1 јули планираат да патуваат во Грција, без разлика дали со авион, со брод или преку копнените граници, а ќе добијат единствен баркод (QR) според кој ќе се вршат и тестирањата за Ковид-19

Македонците се уште се во исчекување и не знаат каде ќе можат да патуваат летово и под кои услови. Слободен печат ги контактираше туристичките агенции од каде не информираа дека интерес од граѓаните за патување има, меѓутоа дека се уште се чека на отворањето на границите на другите земји и условите кои ќе важат за патување. Грчката влада денеска информираше дека од среда ќе се отвори граничниот премин Евзони (Богородица).

– Чекаме да видиме под кои услови ќе може да се патува во Грција. Луѓето и понатаму се во неизвесност и не можеме да зборуваме за некои бројки во однос на аранжманите. Првото патување ни е закажано за 4 јули – велат од туристичката агенцијаСавана“.

Во однос на земјите во кои македонските државјани можат да патуваат без тест и карантин, од „Савана“ велат дека за Албанија немаат аранжмани, додека летно време за патувања во Србија интерес нема.

– За Албанија моментално немаме аранжмани, додека за Србија интересот летно време нормално е слаб. Чартерите ни започнуваат дури кон крајот на јули така што се уште е рано да зборуваме за тоа – додаваат од „Савана“.

Слична е ситуацијата и во „ЈК Травел“, каде исто така најголемата туристичка понуда е за Грција, па засега патувањата се ставени на стенд бај.

– Реално патувања моментално се возможни во Албанија и Турција, додека ние секогаш најголемата понуда ја имаме за Грција, така што се уште сме на стенд бај, со тоа што луѓето прашуваат, се подготвени за патувања, интерес има и го чекаат отворањето на границите, како и информации за условите под кои ќе се патува. За Албанија веќе имавме патници кои заминаа уште во петокот – велат од „ЈК Травел“.

Токму поради тоа што е ограничен бројот на држави во кои можат да патуваат македонските туристи, оваа туристичка агенција се вклучува во проектот на Владата за промоција на домашниот туризам.

0на што сега во овој период најмногу го активираме е туризмот во Македонија и можноста луѓето да ги искористат ваучерите со картичката купувам домашно, па како агенција се вклучуваме во тој проект и работиме на промоција на туристички места во нашата земја информираат  од „ЈК Травел“.

Од „Игуана Травел“, потврдуваат дека интересот на граѓаните расте, но не и закажувањето на аранжмани.

– Интересот да, може да се каже дека е зголемен, меѓутоа ние бидејќи работиме само со Грција немаме аранжмани. Нашите граници се отворени, меѓутоа нивните не, така што ќе почекаме до среда – велат од „Игуана Травел“.

Спротивно на ова пак, од туристичката агенција „Сафари“ информираат дека луѓето и натаму стравуваат да патуваат во странство, па нема зголемување на бројот на аражмани.

– Луѓето и натаму се плашат да патуваат така што нема зголемување на бројот на аранжмани. Конкретно утрово примивме две барања за тоа кога ќе може да се оди во Грција и под кои околности ќе се одвива тоа, па на луѓето не им одговара она што се презентира, бидејќи и натаму чувствуваат страв од вирусот – тврдат од „Сафари“.

The post Куферите спакувани, се чека на отворање на границите: Македонците и оваа година најмногу сакаат да се ладат во Грција appeared first on Слободен печат.


Куферите спакувани, се чека на отворање на границите: Македонците и оваа година најмногу сакаат да се ладат во Грција was first posted on јуни 29, 2020 at 2:09 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....