-1.2 C
Скопје
04:40 - 22 ноември, 2024

Ковид-19 „влезе“ во приватен старечки дом, алармот вклучен

Двајца штитеници на приватниот дом за стари лица „Руски“ и една медицинска сестра вработена таму се позитивни на ковид-19, покажале испитувањата што се направено во оваа установа. Како настанала инфекцијата не е познато, но заболените засега немаат симптоми на болеста. Досега во неколку домови се појавија спорадични случаи на ковид-19, но барем според јавно достапните информации, не се случила поголема трансмисија на болеста.

Во домот вработените ротирале на две до три недели и пред да се вратат на работа им биле правени тестови за ковид-19, кога и биле регистрирани два позитивни случаи, две медицински сестри. Тие не биле во контакт со штитениците. Поради тоа било направено тестирање на сите вработени и на штитениците во домот. Домот има два објекта, еден во Кадино, а другиот во Ченто.

– Заболените штитеници се сместени во објектот во Кадино, додека медицинската сестра е од другиот објект во Ченто. Сите други примероци за анализа беа негативни. Пациентите кај кои е изолиран вирусот се во добра здравствена состојба, во изолација и засега немаат симптоми на вирусот – вели Александар Стојанов, раководител на епидемиолошката служба при Центарот за јавно здравје во Скопје.

Тој објаснува и дека според она што било затекнато како состојба на терен од лекарите што го посетиле домот, таму се применувале мерките за заштита, односно вработените во неделите кога се на работа не оделе дома, односно престојувале во домот, со цел да се намалат контактите со надворешни лица и да се спречи појава и ширење на вирусот. Вработените користат заштитни маски и лична заштитна опрема, а дадена е и препорака заштитни маски да носат и штитениците. Во овој дом, како и во другите, подолго време е забранета посета на штитениците од нивните семејства.

Од Центарот за јавно здравје објаснуваат дека тестирања за ковид-19 се прават во сите старечки домови, а досега се поминати четири. Позитивни случаи на ковид-19 имаше и во старечки домови во Битола и во Куманово.

Старечките домови се особено ризични поради тоа што смртноста од ковид-19 е најголема кај старите лица. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека на сите јавни и приватни установи за заштита на стари лица им доставиле серија препораки за мерките што треба да се преземат. На домовите им е препорачано да воведат забрана за посети на корисниците, да го подигнат нивото на хигиената и да вршат континуирана дезинфекција на објектите, да определат соби за самоизолација во случај да се појават корисници со симптоми на ковид-19, вработените задолжително да користат заштитна опрема – маски и ракавици како и да одржуваат постојани контакти со Центрите за јавно здравје за добивање правовремени информации за начините на постапување.

Во моментов во Македонија има пет јавни установи за сместување и грижа на стари лица со капацитет за сместување од 624 легла (во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп и во Берово), како и 30 приватни установи со капацитет за сместување од 1.157 легла.

Другите земји кои се борат со пандемијата на коронавирусот, мака мачат со оваа болест во старечките домови. Имено, штитениците се подложни на болеста и често завршуваат летално. Дополнително, вработените во старечки домови во Шпанија, Британија, Шведска, но и во други земји, ги напуштаа домовите каде што ќе се појавеше болеста, со што ги оставаа старите без потребната нега. Во Шведска дури има беше наредено да не ги носат заболените стари луѓе во болница доколку заболат од ковид-19, туку да ги лекуваат во домот. Тоа доведе до огромна бројка на смртност кај старите луѓе – штитеници на геронтолошките домови.

The post Ковид-19 „влезе“ во приватен старечки дом, алармот вклучен appeared first on Слободен печат.


Ковид-19 „влезе“ во приватен старечки дом, алармот вклучен was first posted on јуни 2, 2020 at 3:23 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....