-4.2 C
Скопје
00:58 - 23 декември, 2024

Коронавирусот го одложи воведувањето зонско во Карпош 1

Иако поминаа речиси четири месеци откако беа анкетирани жителите од Карпош 1 за тоа дали сакаат или не зонско паркирање во населбата, досега Општината не презеде ништо за да се регулира паркирањето и да се реши проблемот со кој подолг период се соочуваат граѓаните што живеат во тој дел од Скопје.

Населбата  Карпош граничи со Општина Центар, а улицата „Франклин Рузвелт“ покрај тоа што е граница меѓу двете општини, претставува и граница меѓу платен и бесплатен паркинг. Како што е познато, во Центар секаде се плаќа за паркирање, а покрај тоа голем дел од улиците во Дебар Маало се наменети само за возилата на жителите. Поради тоа многумина граѓани што работат или имаат некакви обврски во Центар, ги паркираат возилата во Карпош 1.

– Овде е незамислив хаос. По половина час вртам по уличките за да го паркирам автомобилот кога се враќам дома. Некогаш го паркирам и многу далеку од мојата зграда, затоа што едноставно нема место. Навистина ни е неопходно решение на проблемот. Божем Општината направи анкета, ќе се регулираше паркирањето, но ништо од тоа не излезе. Центар си го реши својот проблем, а нам уште толку ни го зголеми. Нерви искинавме, секој ден ист проблем, со години – вели Душко, жител на населбата.

Од Карпош велат дека анкетата за регулирање на паркирањето е спроведена и податоците веќе се обработени.

– Огромното мнозинство од анкетираните граѓани од оваа населба се согласни за регулација на паркирањето. Како резултат на пандемијата со ковид-19, дел од активностите по ова прашање се пролонгираа. Сепак, локалната самоуправа во претстојниот период продолжува со разговори со ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје за начинот на имплементација на регулираното паркирање – вели Димитар Караташев, советник за комуникација и односи со јавноста на градоначалникот на Карпош, но не прецизира кога и дали ќе се воведе зонско или друг вид регулирано паркирање.

Општина Карпош на почетокот од февруари годинава спроведе теренско анкетирање во Карпош 1, со цел граѓаните да одлучат дали се за регулирање на паркирањето или не. Анкетата се организираше по повеќето поднесени иницијативи од заедници на сопственици на станови за воведување зонско паркирање.

Посебно обучени тимови од Општината, со легитимација и анкетен лист, ги посетија сите домаќинства во Карпош 1 за да се увиди интересот на граѓаните и да се дадат подетални информации за организираниот начин на паркирање. Како што им беше објаснето на жителите, регулацијата на паркингот значи дека граѓаните резиденти на Карпош 1, ќе имаат право бесплатно да паркираат до три сопствени возилa, а паркирањето би било организирано и спроведено од ЈП „Градски паркинг“.

Сепак, иако како што велат од Карпош, коронавирусот го пролонгира решавањето на проблемот со паркирањето, не ги запре другите општински активности во оваа населба. Деновиве градоначалникот Стефан Богоев најави дека претстои целосно уредување на зеленилото на улицата „Иван Аговски“ во Карпош 1, на просторот помеѓу зградите со број 8 и 10. На овој потег е предвидено да се посади нова трева на површина од 1.300 метри квадратни, украсни растенија и да се постави систем за наводнување, но и ќе се направи ново детско игралиште за рекреација на децата од околните згради. Изведбените активности треба да почнат неделава.

The post Коронавирусот го одложи воведувањето зонско во Карпош 1 appeared first on Слободен печат.


Коронавирусот го одложи воведувањето зонско во Карпош 1 was first posted on јуни 7, 2020 at 1:20 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....