Поранешниот командат на ОВК Салих Мустафа, наречен командант Цаљи (48), денеска попладне ќе биде изведен пред судија за претходна постапка на Специјализираните совети за Косово со седиште во Хаг по обвинението кое го товари за низа воени злосторства извршени на Косово во април 1999 година.
Рочиштето ќе биде јавно и ќе може да се следи преку видео линк на интернет страницата на Специјализираните совети, со незначително доцнење на сигналот.
Мустафа е уапсен и испорачан на Хаг во четвртокот, по налог на судија од претходна постапка, по потврдувањето на обвинението. Се наоѓа во притворската единица на Специјализираните совети во Хаг.
Се товари дека индивидувално кривично е одговорен за воени злосторства според меѓународното право, односно за противправно лишување од слобода, сурово постапување, мачење и убиство.
Судијата за претходна постапка ќе му го претстави обвинението и ќе го повика да се изјасни за вината веднаш или во рок од 30 дена.
Судскиот правилник предупредува дека ако обвинетиот одбива да признае вина или да се изјасни дека не е виновен, „не смеат да се изведуваат никакви негативни заклучоци“.
Во потврденото обвинение против Мустафа се тврди дека кривичните дела на противправно лишување од слобода, сурово постапување и мачење извршено над најмалку шест лица во периодот приближно од 1. април 1999 до 19. април 1999 година на имот во местото Злаш на Косово кој служел како затвор.
Натаму се наведува дека еден затвореник е убиен на таа локалција во периодот приближно од 19. април 1999 година до крајот на тој месец.
После првото појавување на обвинетиот, судијата за претходна постапка е задолжен за подготовка на предметот за судење, а во меѓувреме се свикуваат статусни конференции на кои се расправа за доказите кои ќе се изведуваат на судењето и другите процесни прашања.
Судењето ќе се одвива пред совет за претрес, кое потоа ќе се именува.
The post Командат Цаљи од ОВК ќе се изјасни по обвинението за воени злосторства на Косово appeared first on Слободен печат.
Командат Цаљи од ОВК ќе се изјасни по обвинението за воени злосторства на Косово was first posted on септември 28, 2020 at 9:29 am.