-0.2 C
Скопје
01:26 - 19 декември, 2024

Кој членува во мистериозната Комисија за заразни болести од која зависи се

Министерот за здравство Венко Филипче на 15 март формираше Комисија за заразни болести како стручно, советодавно тело за справување со новиот вирус ковид-19. Кога ќе почнат да се олабавуваат мерките, дали ќе почнат да работат градинките, кога ќе се отворат рестораните, ќе има ли избори ли на почетокот на летото, ова се само дел од прашањата за кои очите на јавноста се вперени кон Комисијата за заразни заболувања. Иако одлуките поминуваат и на Влада сепак иницијативата доаѓа од ова тело. Но досега многу ретко член од оваа комисија излегол на прес коференција за да ги објасни одлуките, предлозите и да одговори на многубројните прашања и дилеми кои секојдневно се појавуваат  во јавноста. Тоа, во име на комисијата како да е нејзин портпарол, го прави министерот Филипче, иако формално не е нејзин член.

Во последниве десетина години сме имале неколку епидемии, но никогаш до сега информирањето не било така централизирано во еден човек, напротив, на одговор на новинарските прашања секогаш бил достапен претседателот на комисијата, епидемиолозите и другите експерти.

Од МЗ велат дека членовите на Комисијата се избрани од редот на истакнати стручњаци од областа на епидемиологијата, инфектологијата, микробиологијата, педијатријата, ветерината и други специјалности.

За претседател на Комисијата е назначен проф. д-р. Миле Босилковски од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје. Тој, иако понекогаш одговара на телефонските јавувања на новинарите, сепак ниту еднаш не се појавил на прес коференција. Оваа комисија во време на епидемијата на свинскиот грип, од која имаше исто така голем број за заболени и смртни случаи, ја водеше д-р Јованка Костова, тогаш вработена во Министерството за здравство, сега пензионер,  која секојдневно и неуморно одговараше на новинарските прашања и на шега велеше „и во продавница кога одам луѓето за грипот ме прашуваат“. Како изгледа Босилковски, ретко кој знае.

За секретар на Комисијата е назначена д-р. Кристина Ставридис од Институт за јавно здравје каде е дел од одделението за имунизација.

Членови на Комисијата за заразни болести се и д-р Зоран Стојановски и примариус Сузана Манева од Министерство за здравство, кои досега не дале ниту една изјава, потоа прим. др. Жарко Караџовски и д-р Владимир Миќиќ од Институтот за јавно здравје кои на почетокот на епидемијата беа малку подостапни за новинарите, а сега навистина ретко се добиваат. Дел од комисијата е и д-р Милена Стевановиќ, директорка на  Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје како и д-р. Илир Демири, кој е лекар во оваа клиника, кој работи токму со пациентите со ковид-19.

Во комисијата членуваат и д-р Наташа Најдановска-Алуловска педијатар и директор на Универзитетска клиника за детски болести, д-р Виктор Исјановски психијатар и директор на Здравствен дом-Скопје како и проф. д-р. Милена Петровска искусен микробиолог од Институт за микробиологија и паразитологија, Медицински факултет-Скопје.

Центар за јавно здравје-Скопје е преставен од прим. д-р. Александар Стојанов, кој исто така има долгогодишно искуство во областа на епидемиологијата.

Во ова тело има и двајца претставници на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, директорката д-р Иринка Сотирова Бухова, кој е многу подостапна за информации во однос на сите други членови како и редовно присутна на прес коференциите на Инспекторатот и д-р. Лилјана Деспотовска Ристовска.

Во Комисијата за заразни заболувања има и двајца претставници од Агенција за храна и ветеринарство, Ванчо Новоселски и Грета Николовска како и м-р Марија Милкова од Центар за управување со кризи, кои не и се познати на јавноста.

Како надворешен член на Комисијата е одредена Арта Кули координатор во Канцеларијата на Светската здравствена организација-Скопје.

The post Кој членува во мистериозната Комисија за заразни болести од која зависи се appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....