-3.2 C
Скопје
06:50 - 23 декември, 2024

Кобна грешка на доктор во Германија: Одбил да се ракува со жена, па бил одбиен за државјанство

Ако не сакаш да се ракуваш со жена, нема државјанство. Вишиот пккраински суд во Манхајм ја оцени како исправна одлуката да не се даде државјанство на еден доктор по потекло од Либан кој одбивал да се ракува со жени, пишува „Дојче Веле“.

Четириесетгодишниот доктор од Либан, кој пристигнал во Германија во 2002 година, се бранеше дека одбивал да се ракува со жени од верски причини и тоа во момент кога требало да му биде врачена повелба за примање во германската книга на државјани.

Управниот суд во Баден-Виртемберг пресуди дека некој кој одбива ракување „поради фундаменталистичка концепција на култура и вредности“ бидејќи жените ги гледа како „опасност за сексуално искушение“ и со тоа го одби за „интеграција во германските животни околности“.

Ветување на сопругата

Либанецот студирал медицина во Германија и сега работи како виш лекар во една клиника. Барање за германско државјанство поднел во 2012 година и потпишал декларација за лојалност на германскиот устав и против екстремизам. Задолжителниот тест за општо познавање на Германија го положил со најдобар можен резултат.

Сепак, државјанство не доби бидејќи во 2015 година одбил да се ракува со службеничка во моментот на предавање на потврдата за германско државјанство. Поради тоа, службеничката не сакала да му ја врачи потврдата и го одбила неговото барање за државјанство.

Либанецот тврдеше дека на неговата сопруга од сириско потекло и ветил оти нема да се ракува со друга жена. Се жалеше пред суд, но загуби – најпрво пред Управниот суд во Штутгарт, а сега и пред највисокиот Управен суд на сојузната покраина Баден-Виртемберг. Судот во саботата соопшто дека либанбскиот доктор сега може да се жали до Сојузниот управен суд поради општото значење на предметот.

Германска култура

Управниот суд на сојузната покраина Баден-Виртемберг го опиша ракувањето како вообичаен неформален ритуал за поздравување и збогување што не зависи од полот на вклучените страни, додавајќи дека тоа во земјата се практикува со векови.

Судијата утврди дека ракување има и правно значење, бидејќи симболизира и заклучување на договор. Ракувањето е „длабоко вкоренето во општеството, во културниот и правниот живот и обликува начин на кој ние живееме заедно“, наведе судијата.

Судот утврди и дека секој кој одбива да се ракува од специфично родни причини, ја крши еднаквоста на половите што се утврдени со германскиот устав. Покрај тоа, одбивањето за ракување во конкретниот случај значело и прифаќање на „салафистичка перспектива“ на општествените односи меѓу маж и жена.

Судот заклучи и дека на пресудата нема влијание ниту тоа што Либанецот сега изјави дека нема да се ракува ниту со мажи. Тој тврдел дека со тоа сакал да покаже дека е за рамноправност меѓу мажите и жените, но Судот утврди дека станува збор за тактичен потег.

Оваа пресуда за ракување е донесена и покрај тоа што здравствените власти моментно предупредуваат да се избегнува ракување поради пандемијата на коронавирус. Судијата изрази убеденост дека обичајот на ракување ќе ја преживее пандемијата.

Како Либанецот ги минал студиите по медицина во Германија и стигнал до позиција на виш лекар во една клиника, а притоа неговите убедувања да не се покажале како пречка, не е познато, заклучува „Дојче Веле“.

The post Кобна грешка на доктор во Германија: Одбил да се ракува со жена, па бил одбиен за државјанство appeared first on Слободен печат.


Кобна грешка на доктор во Германија: Одбил да се ракува со жена, па бил одбиен за државјанство was first posted on октомври 19, 2020 at 8:15 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....