На порталот Big Think објавена е карта на која се прикажува како ќе изгледа светот кога просечната годишна температура ќе биде четири степени повисока отколку што е сега.
„Полинезија веќе ја нема, потонала под морето. Пакистан и Јужна Индија се напуштени, а Европа полека се претвора во пустина. Таква ситуација нè очекува кога светот во просек годишно ќе биде потопол за само четири степени.“
Западен Антарктик веќе не е само мраз и не е населив. Во новите зелени подрачја ќе се основаат нови градови. Северна Канада, Скандинавија и Сибир ќе хранат стотина милиони климатски мигранти кои ќе бидат присилени да се населуваат на тие подрачја, наведуваат научниците.
Местата на картата означени со кафена боја ја претставуваат територијата која ќе биде ненаселива поради сушите и екстремните временски прилики, а меѓу нив се и источниот брег на САД, Средна Америка и средиштето на Јужна Америка. Мадагаскар и Мозамбик во Африка и Индија и Пакистан во Азија ги чека истата судбина, а напуштени ќе останат и Индокина и Индонезија.
Со портокалова боја се означени подрачјата што ќе станат ненаселиви пустини, меѓу кои се наоѓа целиот Балкан, Австрија, Унгарија, Германија, Шпанија, Португалија, односно цела Јужна Европа. Реките целосно ќе пресушат, а како што предвидува картата, на Алпите веќе нема да има снег.
Црвената боја ја означува територијата која поради порастот на нивото на морето ќе биде потопена. Се претпоставува дека покачувањето на температурата за четири степени ќе предизвика раст на нивото на морето и до два метри.
Светлозелената боја ги означува подрачјата на кои ќе може да се произведува храна и ќе можат да се основаат градови. Меѓу нив е Западен Антарктик, а и Нов Зеланд ќе стане едно од најгусто населените подрачја на светот.
Во Сибир и во Канада врнежите и повисоките температури ќе создадат идеални услови за производство на храна за поголем дел од светската популација, а прибежиште за поголемиот дел од светското население ќе понудат Велика Британија, Скандинавија, Гренланд и Северна Русија.
The post Климатски промени: Поради зголемување на температурата, целиот Балкан ќе стане ненаселива пустина appeared first on Слободен печат.
Климатски промени: Поради зголемување на температурата, целиот Балкан ќе стане ненаселива пустина was first posted on август 8, 2020 at 7:00 pm.