Кинеската кобра е можно да е оригиналниот извор на новооткриениот корона вирус, што зимава се појави во Кина, откриваат научниците.
Болеста за првпат е регистрирана кон крајот на декември 2019 година во Вухан, од каде рапидно се шири во Кина, а потоа и во многу други земји, вклучително и САД.
Првите случаи на коронавирус се забележени кај работници или клиенти на локален пазар каде, покрај живо месо, се продаваат и животни како птици, магариња, овци, свињи, камили, лисици, јазовци, стаорци, ежови и влекачи, јави Си-Ен-Ен.
Научниците веруваат дека вирусот од животните на пазари преминал врз луѓето, а врз основа на таа теорија се споредуваат генетски примероци на коронавируси со сите познати коронавируси, користејќи протеински кодови и притоа откриле дека протеинот во најновиот вирус е најсличен на корона вирусот од кој страдаат змиите.
Змиите најчесто ловат лилјаци во дивината, а според извештаите видови на тајванска или кинеска кобра биле продавани на пазарот во Вухан.
Со тоа се зголемува можноста вирусот да преминал од лилјаци на змии, а потоа и на луѓето.
Сепак, се уште не е познато како може да се прими вирусот и кај топлокрвни и ладнокрвни животни.
Авторите на извештајот и другите истражувачи треба да го проверат потеклото на вирусот преку лабораториски експерименти, а неопходно е прво да се проучат деловите од вирусот кај змиите.
Тајванските змии од групата кобри се многу токсичен вид змија, карактеристични за централна и јужна Кина.
The post Кинеската кобра најверојатно е извор на новиот корона вирус appeared first on Слободен печат.