-1.2 C
Скопје
03:39 - 19 декември, 2024

Ќе биде ли преговарачкиот процес со Македонија заснован врз европското право?

Паралелно со усогласувањето на ставовите на власта и опозицијата за датумот за парламентарните избори течат и лобирањата на Македонија кај државите членки за драфт верзијата на преговарачката рамка што најверојатно ќе ја добиеме во средината на јуни. Европската пракса до сега покажала дека ваквите „рамки“ јавно не биле објавувани.

Но, јавноста веќе знае дека ќе биде стокмена според новата методологија за почеток на преговорите за членство во ЕУ, која е поразлична од досегашните. Според Малинка Ристова од Институтот за европска политика, преговарачката рамка ќе биде многу посложена и покомплексна од оние на Србија и Црна Гора. За правпат ќе бидат применети и кластери.

– Преговарачката рамка ќе биде голем предизвик бидејќи земјите членки на ЕУ треба да ја донесат со консензус. Доправа ќе видиме што ќе се случува со барањата на Бугарија, меѓу нив и за македонскиот јазик, кои се многу екстремни и крајно неприфатливи за Македонија. Сепак преговарачката рамка е документ на ЕУ и државите членки мора да водат сметка, процесот да биде кредибилен и да биде заснован на правото на ЕУ. Искуствата на земјите кои преговараат покажале дека секогаш има отстапки и едно друго решение од почетните ставови. Нашата држава има стратегија но, треба да се има во предвид дека преговарачкиот процес стана многу потежок и поради условите во самата Унија. Тие односи се понекогаш многу посложени отколку што ние си ги замислуваме. Станува збор за многу држави члоенки и ваквото усогласување е тешко, вели Ристова.

Неодамна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи рече дека Брисел го информирал дека новиот пакет за проширување, односно годишниот извештај кој Македонија го очекуваше во јуни, ќе се одложи за септември. Тој рече дека преговарачката рамка може да биде објавена и на трети јуни, но сепак засега точниот датум не се знае поради потешкотијата со одржувањето на состаноците поради Ковид 19.

Рамката всушност ги содржи првите предлози, односно национални позиции на земјите членки на Советот за проширување.

– Се разбира дека може да има одредено влијаниа уште на ниво на Комисии, но очекувам дека Европската комисија да излезе со неутрален став за преговарачката рамка по однос на поединечните ставови на земјите членки кои можат да бидат асиметрични. Потоа ќе видиме како ќе помине низ филтрите на земјите членки на Унијата. Се разбира дека ќе има нивни предлози но, ние веќе работиме и со Комисијата и со земјите членки, рече Османи.

– По однос на преговарачката рамка за Црна Гора на земјите членки им требало три месеци да се усогласат и потоа се усвои од Советот. Ако и за нас е слично, очекувам преговарачката рамка да биде усвоена или на октомврискиот или на декемврскиот самит на ЕУ. Сепак најверојатно ќе се усвои од страна на Советот на октомврискиот самит. Потоа очекувам да се одржи и правата меѓувладина конференција, рече Османи.

Во меѓувреме од Бугарија не пестануваат секојдневните закани дека ќе ги блокира Европските интеграции на земјава. Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева не пропушта можност во секој свој јавен настап да говори дека македонскиот јазик е западнобугарски дијалект со некој додаден збор од друг сосед.

За европратеникот Андреј Ковачев, Македонија ќе влезе во ЕУ откако ќе го реши спорот за Гоце Делчев, Даме Груев и другите македонските револуционери од крајот на 19 и почетокот и средината на 20 век.

The post Ќе биде ли преговарачкиот процес со Македонија заснован врз европското право? appeared first on Слободен печат.


Ќе биде ли преговарачкиот процес со Македонија заснован врз европското право? was first posted on мај 25, 2020 at 2:24 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....