Претседателот на БЕСА Билал Касами денеска на прес-конференција најави реорганизација на партиските органи на сите нивоа и конгрес на партијата наредната година. Касами не сакаше да каже за кои директорски места преговара Беса и на која собраниска комисија претседател ќе биде пратеник од оваа партија на мнозинството. Тоа, според него, ќе се знае следната недела.
Централното претседателство на партијата на денешната седница, како што кажа тој, одлучило партијата да се реорганизира и оти за таа цел ќе бидат формирани експертски групи кои ќе работат на статутарни промени и осовременување на партијата.
-Откако ќе бидат формализирани сите назначувања на вториот и третиот ешалон во извршната власт под мое раководство како претседател на партијата ќе одржиме еднодневна конференција за транспаретност и декриминализација и ќе се обврземе за транспаретен, инклузивен пристап и бескомпромисна војна со корупцијата и криминалот. Ќе докажеме дека функционерите на движењето Беса ќе бидат пример за владеење за граѓаните и со граѓаните, рече Касами.
На прес-конференцијата тој не сакаше да открие за кои директорски места Беса преговара, посочувајќи дека тоа најверојатно ќе се знае следната недела. Во однос на собраниските комисии, кажа дека се партиите, вклучувајќи ја и опозицијата се уште се договараат во врска со тоа каде ќе имаат претседател на комисија.
-Не би сакал да кажам дека тоа е проблем но сигурно дека секоја од партиите сака да придонесе во комисии во кои најмногу ќе придонесе за граѓаните, рече Касами додавајќи дека пратеничките групи во Собранието се уште разговараат за тоа кој ќе ги предводи комисиите.
The post Касами: Сè уште разговараме за директорските места и собраниските комисии appeared first on Слободен печат.
Касами: Сè уште разговараме за директорските места и собраниските комисии was first posted on септември 5, 2020 at 3:56 pm.