-0.2 C
Скопје
05:49 - 27 ноември, 2024

Касами: Да не се трга од партискиот, туку од општиот интерес – Ако не јуни или август, избори во јули

Дебатата кај претседателот беше многу долга и жешка. Некои од лидерите кои седнаа на главната маса не се спремни да се соочат со ситуацијата дека треба да се организираат избори. Ние мора да најдеме начин да се соочиме со КОВИД-19 и да го организираме и политичкиот живот во овој дел, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Билал Касами, лидер на движењето Беса.

Да се стави општиот пред партискиот интерес.

-Во вакви околности треба да дојде до израз државниот и интересот на граѓаните. Освен во здравствениот дел, ќе се соочуваме и со економскиот проблем. Не знам дали има политичар со здрав разум кој би сакал да седне во некој фотеља и да биде комотен како до сега. Затоа ценам дека сме во ситуација кога не треба да се трга од партискиот интерес, туку од општиот интерес како да организираме избори, да имаме политичка влада и Парламент како коректор на оваа Влада, вели Касами.

Компромис за датумот за избори.

-Свесни сме дека во наредниот период ќе се соочуваме со економскиот дел. Ќе треба да се задолжуваме најмалку 2.000.000.000 евра. Затоа цениме дека треба да имаме Парламент. Затоа цениме дека најбрз можен рок во согласност со Уставните норми е да организираме избори. Но, тоа мора да биде со сите чинители. Ценам дека не сме до толку далеку за да не се договориме. Ако не јуни или август, со заладени глави може да има компромис и тоа да биде почетокот на јули, вели Касами и додава дека ВМРО-ДПМНЕ мора да биде свесна дека Македонија мора да оди на избори во време кога нема проценка дека Македонија ќе има нула инфицирани.

Говорејќи околу коалицијата со СДСМ, Касами смета дека Македонија кога е пред вратите на ЕУ и членка на НАТО, треба да се гледа чекор понапред и овој потег (коалиција со СДСМ) е одлично прифатен кај албанскиот електорат.

 

The post Касами: Да не се трга од партискиот, туку од општиот интерес – Ако не јуни или август, избори во јули appeared first on Слободен печат.


Касами: Да не се трга од партискиот, туку од општиот интерес – Ако не јуни или август, избори во јули was first posted on мај 21, 2020 at 9:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....