Морт Феликс сакал да кажува дека неговото име, кога се чита како двата латински зборови (mort – смрт; felix – среќа), значи „среќна смрт“. Кога бил болен од грип, шегувајќи се, и велел на својата сопруга Сузан дека би сакал кога ќе биде на смртна постела да се слуша „Ода на радоста“ од Бетовен. Но, откако Морт наполнил 77 години, а лежел во студио во неговиот дом во Беркли, Калифорнија, додека неговото тело било заробено од карциномот, свеста во морфиум, лежејќи незаинтересиран за музика, тој одбивал храна во рок од три недели. „Доста“, и рекол тој на сопругата Сузан кога повторно го прашала дали е расположен да вечера. „Благодарам, те сакам, и доволно е“… Кога Сузан отишла да го види следното утро, го пронашла Феликс мртов.
За време на тие три недели, Феликс зборувал. Тој бил клинички психилог, кој исто така, животот го поминал пишувајќи поезија. И покрај тоа што неговите последни зборови немале некаква смисла, се чинело дека произлегувале од вниманието кое тој во текот на својот живот го посветил на јазикот. „Има толку многу во тагата“, рекол тој во еден момент од последните 20 дена од неговиот живот, потоа „Остави ме доле, оттука“, и „Го изгубив модалитетот“. На изненадување на членовите на неговото семејство, Феликс, кој се декларирал како атеист речиси целиот негов живот, почнал да халуцинира за ангели и да се жали дека има гужва во собата – иако бил сам во просторијата.
53-годишната ќерка на Феликс, Лиса Смарт, го следела неповрзаното мрморење, па пишувала се, како што слушала додека седела до него, деновите пред да почине. Лиса магистрирала на Универзитетот Беркли во Калифорнија во 80тите и изградила кариера учејќи возрасни луѓе да читаат и пишуваат. Да го запишува тоа што нејзиниот татко го мрмори пред смртта, на некој начин, за Лиса претставувало механизам за справување со ситуацијата. Се самоопишува како неостварен поет (како дете, продавала поеми, три за неколку центи, додека другите деца најчесто продаваат лимонада), а ја почитувала незабележаната синтакса во делата кои ги пишувал нејзиниот татко, како и надреалните сценарија кои биле присутни во творештвата.
Откако нејзиниот татко починал, Лиса се запрашала дали тоа што татко и го мрморел деновите да почине, а таа го запишувала, има некаква научна вредност, за потоа да ја напише книгата „Words on the Threshold“ (во превод: Зборови на прагот), која ја издала на почетокот во 2017 година. Во оваа книга, Лиса споделува ги споделува лингвистичките патерни од 2,000 неразбирливи пораки на 181 луѓе на смртна постела, вклучувајќи го и нејзиниот татко, Феликс Морт.
Колку е истражено тоа што се случува на смртната постела?
Авторот на ова четиво за Атлантик, Мајкл Ерард вели дека книгата на Лиса е многу уникатна, додавајќи дека ова е единствениот наслов кој го пронашол кога се обидел да ја задоволи љубопитноста околу прашањето Како навистина луѓето зборуваат пред да умрат? Ерард додава дека му биле познати голем број колекции од елоквентни „последни зборови“, но истакнува дека тие четива не опфаќаат какви се всушност лингвистичките способности на личноста која умира. Истражувајќи, открил дека се бројат на прсти луѓето кои некогаш го отвориле ова прашање, и барајќи одговор, дошол до публикација од 1921 година, односно до работата на американскиот антрополог Артрур Мекдоналд.
За да ја процени менталната состојба на луѓето пред настанокот на смртта, Мекдоналд ги „минирал“ последните зборови на антологии, единствениот лингвистички корпус достапен во тоа време, делејќи ги луѓето во 10 категории според професии (државници, филозофи, поети и сл.) кодирајќи ги нивните последни зборови како саркастични, расположливи, задоволни, тажни и слично.
Мекдоналд во почетокот на 1920тите открил дека воените лица имале „релативно најголем број на барања, упатства или опомени“, додека филозофите (кои вклучувале математичари и наставници) во своите последни зборови имале најмногу „прашања, одговори и извици“. Религиозните лица и припадниците на кралските семејства користеле најмногу зборови за да изразат задоволство или незадоволство, додека спротивно од нив, уметниците и научниците користеле најмалку.
Работата на Мекдоналд „се чини дека е единствениот обид да се проценат последните зборови на луѓето кои умираат, во обид да се „квантифицираат“, додека резултатите од неговите истражувања ја зголемуваат љупобитноста“, пишува германскиот научник Карл Гутке во неговата книга „Last Words“ (во превод: Последни зборови) od 1992 година, каде поопширно пишува за фасцинацијата на Западот низ историјата со последните зборови на луѓето кои умираат. Воглавно, работата на Артур Мекдоналд од 1921 година ни посочува дека ни треба повеќе податоци за вербалните и невербалните можности на крајот од животот. Една поента која Гутке репетивно ја бутка е дека последните зборови, антологизирани на повеќе јазици, собирани од 17. век, се артефакти на загриженост и фасцинации за настапувањето на ерата за смртта, а не „историски факти за документирање“. Тие можат да ни кажат малку за вистинската способност за комуницирање на личност што умира, пишува Гутке.
Други современи пристапи се движат подалеку од ораторските монолози на приносот, фокусирајќи се на емоциите и врските. Книгите како „Final Gifts“ (во превод „Конечни подароци“, објавена во 1992) од медицинските сестри Меги Каланан и Патриција Кели, како и „Final Conversations“ (во превод: „Конечни разговори“ објавена во 2007) од Морин Кили, научник за комуникации и професор на државниот универзитет во Тексас, и Џули Јинлинг, професорка на Државниот универзитет Хумболт, целат кон тоа да ги изострат техниките на живите, како би имале важни, значајни разговори со лицата кои се на смртна постела.
За разлика од претходните векови, фокусот на последните зборови отстапи простор на современиците за фокус на последните разговори, дури и кога станува збор за невербални интеракции. „Кога состојбата на лицето кои умира станува послаба, а тоа поспано, комуникацијата со другите често станува посуптилна“, пишуваат медицинските сестри Меги Каланан и Патриција Кели. „Дури и кога луѓето се премногу слаби да зборуваат или изгубиле свест, тие слушаат; слухот е последното сетило кое згаснува“.
Морин Кили, научник за комуникации вели дека пред настанокот на смртта, повеќето интеракции се невербални бидејќи телото полека се „исклучува“ и личноста чувствува недостиг на физичка моќ, а најчесто и намалена работа на белите дробови. „Луѓето кои умираат шепкаат, и кога се изразуваат се кратки, со еден збор – само за тоа имаат енергија,“ вели таа, додавајќи дека лекарставата ја лимитараат комуникацијата. Морин истакнува дека многу честа појава е членови од семејството честопати да ја искористат коматозната состојба на луѓето што умираат за да зборуваат во нивно име, кога лицето на смртна постела неможе да ги прекине додека зборуваат или да се спротистават.
Многу луѓе умираат во таква тишина, партикуларно ако имаат напредна деменција или Алцхајмер кои години претходно им ја украле способноста за комуникација. Oние пак, коишто зборуваат, се чини дека нивниот говор најчесто е банален, односно нема конкретно значење. Од доктор, имам слушнато дека луѓето најчесто велат „Во бестрага, ох не“. Многу често ги извикуваат имињата на своите сопруги, сопрузи, деца. „Медицинска сестра ми откри дека зборовите на лице што умира се слични со зборовите на другите“, пишува Хајо Шумахер во септемврискиот есеј во Дер Шпигел „Скоро секој ја бара „мама“ или „мајка“ со последниот здив“.
„Сепак, тоа што најмногу ме фасцинира, се интеракциите, делумно поради нивните суптилни интерперсонални текстури кои губат во процесот на пишувањето. Мој пријател кој е лингвист, седел до неговата баба која умирала. Жената го изговорила неговото име, ги отворила очите, го погледнала, и починала. Она што во овој опис недостига е како тој „паузираше“ за да ми го долови темпото на целиот дискурс, и начинот на кој трепереа неговите очи додека го правеше тоа“, пишува авторот Мајкл Ерард.
Но не постои опис на основата на последните зборови или последните интеракции во научната литература. Најголемиот лингвистички акцент е на делириумот, кој инволвира губење на свеста, неможноста да се најде зборови, немир, и повлекување од социјална интеракција. На удар од чувство на делириум се лица после оперативен зафат на која било возраст, како и на смртната постела, знак кој се препишува како последица на дехидрираност и премногу седативи. Чувството на делириум е многу честа појава, пишува Сенди Меклеод, психијатар од Нов Зеланд: „Би можело да се каже дека е исклучително ретко да пациентите останат ментално стабилни во финалните стадиуми на малигните заболувања“. Голем број од луѓето кои опоравуваат од постоперативен делириум се присеќаат на чувството на дезориентација, како страшно искуство. За потребите на студија во Шведска, еден пациент се присетил на чувството кога бил во делириум: „Јас навистина бев некако уморен по операцијата… и не знаев каде се наоѓам. Мислам дека се’ наоколу стана на некој начин мистично, како пригушено, а визуелно, ништо немаше рабови…“. Колку луѓе се чувствуваат слично на ова пред смртната постела, останува мистерија.
Човештвото има богата слика за почетоците на јазикот, благодарение на децениски научни истражувања со млади, деца, дури и новороденчиња кога се уште се во утробата. Но доколку би сакале да дознаете што се случува со јазикот кога умирате, постојат малку извори кои би можеле да ги пребарате, како и искуство од „прва рака“, стекнато со болка.
Што откри Лиса?
Откако таткото на Лиса, Морт Фелиск починал, таа останала со бесконечен број прашаања за тоа што го слушала од нејзиниот татко на смртната постела, што ја поттикна да стекне уште повеќе знаење за лингвистиката и да магистрира, со желба да ги проучи неговите последни зборови на академски начин. Откако била отфрлена, започнала сама да ги интервјуира членовите на семејството и медицинскиот тим. Ова ја усмерило до колаборација со Рејмонд Муди Џуниор, психијатар од Вирџинија, познат по својата работа со „искуства блиски до смртта“, особено по неговиот бестселер од 1975 година „Life After Life“ (во превод: Живот по живот). Психијатарот долго време бил заинтересиран за она што тој го нарекува „peri-mortal nonsense” (во превод: бесмислени работи што се случуваат пред смртта), а и помогнал на Лиса во нејзината работа што во 2017 година стана „Words on the Threshold“ (во превод: Зборови на прагот), базирана на тоа што таа го запишала кога нејзиниот татко зборувал нејасно пред да почине, како и зборовите и интеракциите од други лица што починале, а ги собирала преку вебсајт, кој го именувала Final Words Project (во превод: Проект Последни зборови).
Во погоре споменатата книга Final Gifts напишана од медицинските сестри Каланан и Кели, тие нотираат дека „лицата што умираат најчесто користат метафори дека патуваат за да ги известат тие околу нив дека нивното време за да починат, дошло“. Авторките и медицински сестри цитираат 17 годишно девојче кое умирало од рак, вознемирено бидејќи неможело да пронајде мапа: „Ако само би можела да ја пронајдам мапата, ќе можев да си одам дома! Каде е мапата? Сакам да одам дома!“.
Лиса Смарт во нејзината книга пишува за вакви метафорични патувања, всушност, таа пишува дека генерално, луѓето пред смрта стануваат пометафорични.
Дури и базичен опис на јазикот користен пред настанокот на смртта, освен што ќе претставува лингвистичко толкување и разбирање, ќе влијае позитивно на персоналот што работи со лица кои умираат, но најмногу, најверојатно на самите лица кои умирааат. За придобивките од лингвистичкото толкување, ексеприте за Мајкл Ерард, авторот на ова четиво, рекле дека истражувања на оваа тема би можеле да им помогнат и на анксиозни луѓе кои се плашат од смртта, создавајќи некакво чувство на контрола. Но, учењето на јазикот и интеракцијата на крајот од животот останува предизвик, најмногу поради културолошките табуа за смртта и етичките грижи кои доаѓаат од тоа научници да „висат“ кај пациенти кои се на смртна постела, како би дошле до одговори. Експертите истакнале дека „секоја смрт е уникатна сама по себе и претставува варијабилност која за науката значи потешкоти во борбата за откритија“.
Исто така, кога станува збор за здравство, приоритетите се дефинирани од докторите. „Мислам дека работа која е фокусирана на опишување на комункациските патерни и однесувања потешко добива приходи за реализација поради приоритетите на истражувања кои се фокусираат на намалување на страдањата од ракот, како и интервенции кои даваат резултати во палијативната нега“, вели Вен-јинг Силвија Чу, директор во Центарот за истражување на однесување во Националниот институт за рак и Националниот институт за здравје.
И покрај „грешките“ во книгата на Лиса, бидејќи содржината знае да биде „обоена“ од нејзиниот личен интерес за „животот по смртта“, авторот Мајкл Ерард пишува како нејзините белешки кои прераснаа во книга се голем чекор напред до градењето на датабаза од податоци кои ќе ни овозможат да ги сфатиме патерните на однесувањето на смртната постела. Ова поле во науката не било истражувано се додека не му се „фрлиле“ природонаучниците од 19 век, особено кога Чарлс Дарвин започнал да запишува работи кои децата ги кажувале и правеле (во 1877 година, Дарвин објави биографски скеч за неговиот син, Вилијам, нотирајќи го неговиот прв збор, мама). Ваквите т.н. „diary-studies“ (во превод: студии од дневник) станаа темелот на систематскиот пристап на таа тема.
„Познати последни зборови“ се темелот на роматничната визија на смртта – визија која лажно ветува финална експлозија на луцидност и чувство на значење пред една личност да почине. Процесот на умирање е се уште многу длабок, но на многу поразличен начин, вели Боб Паркер, шеф на матичната здравствена агенција Интрепид во САД. „Последните зборови… Тоа не се случува како на филмовите. Пациентите не умираат како на филм. Финалните интеракции, доколку воопшто се случат, звучат и изгледаат многу различно од тоа што гледаме на филмовите“.
Извор: The Atlantic / Насловна фотографија: Nils Dardel – The Dying Dandy (1918)
The post Како зборуваат луѓето пред да починат? Што навистина се случува на смртната постела? appeared first on Слободен печат.