-0.2 C
Скопје
18:33 - 22 декември, 2024

Како изгледаше првиот работен ден во „Рамстор мол“, автошколите и обложувалниците (ФОТО+ВИДЕО)

По „Веро центар“ од денеска со работа започна и „Рамстор мол“, додека утре се очекува да се отвори „Сити мол“, но и „Капитол мол“.

Покрај моловите, работната дозвола од денеска ја искористија и повеќе автошколи и обложувалници, кои исто така по речиси два месеци повторно почнаа да функционираат.

Екипата на „Слободен печат“ излезе на терен, а она што можевме да го забележиме е дека животот полека, но сигурно се враќа, со тоа што граѓаните ги почитуваат мерките за носење на маски и социјална дистанца.

Во „Рамстор мол“ можеше да се забележат поголем број на потрошувачи, иако дел од вработените велат дека е намален бројот на посетители, во однос на нормалните услови пред пандемијата со Ковид-19.

Од друга страна и обложувалниците почнуваат да се полнат, иако се уште се чека почетокот на повеќето меѓународни првенства, додека автошколите продолжуваат да работат непречено по пропишаниот протокол и мерки за претпазливост.

Во продолжение погледнете го видеото:

The post Како изгледаше првиот работен ден во „Рамстор мол“, автошколите и обложувалниците (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Како изгледаше првиот работен ден во „Рамстор мол“, автошколите и обложувалниците (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on мај 14, 2020 at 5:23 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....