Во голем број на проблематични наслеби во Франција не се почитува забраната за излегување, воведена поради епидемијата на коронавирусот. Кога поради тоа мора да интервенира полицијата, главно доаѓа до судири, а една вечер припадниците на безбедносните сили, во регионот на Париз во местото Фран Моесан, дури упаднале и во заседа, пишува српски „Телеграф“.
Во моментот кога полицијата околу полноќ тргнала на интервенција, нападната е со проектили, петарди и огномет.
Guet-apens cette nuit contre les #policiers aux Francs-Moisins (93). Le respect du #confinement #RestezChezVous vu par une minorité violente et impunie qui met en danger une majorité d’habitants prise en otage. #coronavirus #COVID19france #Covid_19fr #ConfinementGeneral pic.twitter.com/Kmxt5bJu6g
— Synergie-Officiers (@PoliceSynergie) March 27, 2020
Жителите на околните згради успеале да го снимат настанот, а на видео-снимката може да се забележи како огномети летаат во нивна насока. Исто така, запалени се и неколку канти за ѓубре.
Инаку, бројни француски медиуми пишуваат дека полицијата избегнува да интервенира во проблематичните наслеби, а кога тоа се случува доаѓа до една ваква „улична војна“.
The post Како изгледа кога полицијата интервенира во проблематичните делови на Париз (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.