17.8 C
Скопје
17:24 - 10 мај, 2024

Кај децата да нема главен и спореден родител

родители

Разведените родители сè почесто се надмудруваат меѓу себе на сметка на детето – се тужат, вербално и физички се напаѓаат, се навредуваат и го користат детето како оружје за меѓусебна војна. Во најголем број случаи мајката го добива старателството над детето, а таткото го гледа одвреме-навреме. Тоа ги отуѓува на децата од едниот родител и им предизвикува неприродна состојба. Таков е случајот на нашиот соговорник, кој својот тригодишен син, по разделбата од сопругата, го гледа само пет часа месечно, а за таа цел патува од Кавадарци до Скопје.

– За мене спас е само да се промени Законот за семејство и да биде поделено времето во кое ќе го гледаме детето двајцата еднакво. Значи, две недели јас, две недели мајката. Во моментов, мене ми даваат да го гледам малиот по два и пол часа двапати месечно, секој прв и трет четврток. Претходно дури триесет пати не ми беше дозволено да го гледам, значи пропуштив триесет средби кога син ми имаше една година. Времето не се враќа назад, мене тоа време никој не може да ми го надополни. Сега барам да го гледам по четири часа неделно и да се привикне повеќе на мене – вели нашиот соговорник, кој се чувствува обесправен што добива толку малку време со своето дете и додава дека тоа предизвикува отуѓеност меѓу нив двајцата.

При последната средба, синот му рекол дека мајката го навредувала и го разубедувала малиот дека татко му не го сака.

– Го користи системот за да се препукува со мене на грбот на малиот – смета соговорникот од Кавадарци, чие име е познато на редакцијата, кој е моментално заглавен во судските лавиринти борејќи се да добие повеќе време со своето дете.

Слични приказни се пријавувани и на СОС-телефонот во Детската амбасада „Меѓаши“ (02/2465316) како доказ дека се прекршува правото на детето да ги гледа двајцата родители по разводот. Затоа „Меѓаши“ поддржува иницијатива за одговорно родителство, според која по разводот би се споделувало приближно еднакво време.

Оваа иницијатива петта година се труди да го промени досегашниот систем на грижа, воспитување и чување на децата по развод и тоа преку промена на Законот за семејство. Проблемот, како што тврди Драги Змијанац, директор и основач на „Меѓаши“, е во тоа што со актуелното законско решение се дозволува отуѓување на детето од родителот што не треба да биде дозволено, на начин што детето му се доверува на примарен старател, најчесто мајката, а таткото плаќа алиментација и го гледа по неколку денови во месецот. Според „Меѓаши“, еден од најдобрите предлози за измени во постојниот закон е подготовката на заедничкиот родителски план. Тоа значи дека се договораат кој родител кои обврски ги презема и што ќе се случува во животот на детето.

Ако двајцата родители убаво се договорат и ги поделат еднакво своите права, тогаш децата нема да имаат еден главен и еден спореден родител, нема да бидат стигматизирани дека се „деца на разведени“ – велат од „Меѓаши“.

Моментално вакви планови не се прават. На последната дискусија во Комисијата за труд и социјална политика во Собранието, дадените предлози од иницијативата не предизвикаа интерес, па затоа предлозите не се преточени во закон.

The post Кај децата да нема главен и спореден родител appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....