2.8 C
Скопје
06:34 - 23 ноември, 2024

Кафулињата ќе се „спасуваат“ со повисоки цени?

Со разлабувањето на мерките за заштита од коронавирусот, кафулињата и рестораните се очекува да отворат наскоро, а за тоа се изготвува официјален протокол за да се утврдат правилата и начините. Неофицијално, за една маса со четворица, се бараат 10 квадратни метри, а работното време ќе биде во прво време од 10 до 18 часот.

Овие информации удрија по џебот на угостителите, на кои засега ќе им биде забрането да функционираат внатре во локалите, а ќе може да послужуваат гости само на летните тераси. Поразговаравме со некои од сопствениците и менаџерите на скопските познати кафулиња, кои велат дека се во тешка ситуација и дека кризата со коронавирусот многу ги погодила финансиски.

– Генерално сме во голем проблем. Особено затоа што во втората фаза најверојатно ќе ни дозволат работење само од 10 до 18 часот, што е невозможна мисија, а да не се оди во загуба. Сите се на работа во тој период. Во 18 часот треба да сме затворени, што значи дека веќе по 17 часот не би требало да примаме гости. Исто така, во втората фаза, нема да смееме да работиме во недела. И со предлогот за 9,6 квадратни метри по маса за четворица, голем број објекти немаат големи тераси. Чекаме да го видиме протоколот па ќе видиме – изјави за „Слободен печат“ менаџер на скопско кафуле што се подготвува за отворање.

Кафулињата исто така размислуваат да ги покачат цените на пијалаците што ќе ги служат.

– Меѓутоа, и тоа не е доволно за покривање на сите трошоци што произлегоа. Веќе имаме објекти што затворија трајно, но нивниот број сепак е мал – вели соговорникот.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека на почетокот од оваа недела ќе биде финализиран протоколот од Комисијата за заразни болести, за да им се стави до знаење прецизно на угостителите под кои услови ќе може да функционираат. Свадби, родендени, големи прослави нема да бидат дозволени ниту надвор на угостителските тераси.

Сите вработени ќе мора да носат маски, масите и столчињата да се дезинфицираат редовно, пред локалите ќе има задолжителен редар.

Додека кафулињата се подготвуваат да ги примат гостите, тие воведуваат и креативни решенија, со поставување паравани меѓу масите, за да може да служат поголем број гости.

Граѓаните во анкетата што неодамна ја направи „Слободен печат“ рекоа дека со нетрпение очекуваат да се врати животот во нормала и да почнат да излегуваат во своите омилени локали.

За разлика од некои европски земји, нашиот модел на функционирање ќе дозволува на иста маса во кафуле да седат и луѓе што не се од исто домаќинство, како на пример познајници и пријатели. Сепак, главно ќе биде одржувањето дистанца, дезинфекцијата и носењето заштитна опрема од страна на вработените.

Угостителите за овие цели ќе мора да обезбедат дезинфекциски средства и да ја одржуваат хигиената на високо ниво.

АНКЕТА: Граѓаните едвај чекаат да се отворат кафулињата и рестораните

The post Кафулињата ќе се „спасуваат“ со повисоки цени? appeared first on Слободен печат.


Кафулињата ќе се „спасуваат“ со повисоки цени? was first posted on мај 19, 2020 at 4:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....