-1.2 C
Скопје
05:46 - 19 декември, 2024

Јовановска: Најлошото помина, невработеноста ќе се намалува

Околу 12 илјади лица останале без работа од почетокот на кризата со коронавирусот, вели Билјана Јовановска, директорка на Агенцијата за вработување Мислам дека оној најстрашен и најлош период го надминавме и јас очекувам извесен период да имаме една стабилност и движење во една нагорна, односно позитивна линија во делот на пазарот на труд и во делот на вработувањата и намалување на невработеноста, оценува директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, во интервју за Радио Слободна Европа.

– Од приливот на невработени лица, околу 12 илјади, односно 11.734 лица дојдоа на евиденција, а за истите е регистриран престанок на работен однос, односно одјава од задолжително социјално осигурување во периодот после 11 март 2020 година, или од почетокот на ковид-кризата -, вели Јовановска.

Според основата на престанок на работен однос, најголем процент на невработени лица што дошле на евиденција, вели директорката на Агенцијата, имале престанок на работен однос поради истек на договорот за определено време, околу 48 проценти. Спогодбениот престанок на работниот однос е втор по ред со околу 24 проценти, а потоа следуваат отказите од страна на работник и од страна на работодавач.

The post Јовановска: Најлошото помина, невработеноста ќе се намалува appeared first on Слободен печат.


Јовановска: Најлошото помина, невработеноста ќе се намалува was first posted on август 23, 2020 at 11:33 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....