Охриѓанецот Јонче Спироски и неговото 5 годишно куче Алекс живеат во вистинска слога.
Но колку паметно може да биде најдобриот пријател на човекот? Да речеме, толку паметно, што Јонче не мора воопшто да ја напушти куќата во Драслајца додека е во изолација, откако се вратил од Романија.
Охриѓанецот ги одбројува деновите во изолација со видео на денот, а потоа ги споделува на неговиот фесјбук-профил.
Погледнете зошто овие видеа станаа хит на социјалните медиуми:
Изолација втор ден: Алекс му асистира на Јонче при ручекот
Изолација трет ден: Јонче и Алекс ја пронајдоа ракијата, сега се е во ред
Изолација четврти ден: Алекс се враќа со полно ќесе производи од продавница, како би го спречил Јонче да излезе од самоизолација
Изолација петти ден: Алекс му асистира на Јонче околу хигиената
Изолација шести ден: Алекс распознава многу предмети, и енергично му ги носи на Јонче
Изолација седми ден: Алекс му помага на Јонче да го загреат домот
Изолација осми ден: Алекс и Јонче прават ручек
The post Јонче и Алекс од Охрид станаа вистински хит на социјалните медиуми (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.