12.8 C
Скопје
18:27 - 25 април, 2024

Извршителите не работат за време на корона, ама сметките во банките останаа блокирани

Скопјанец непријатно бил изненаден откако отишол во банка да ги подигне парите што му ги уплатил роднина во странство, но не можел да ги земе затоа што има блокирана сметка. Тој очекувал дека сметката привремено ќе му биде одблокирана, затоа што премиерот Оливер Спасовски во повеќе наварти рече дека до 30 јуни се сопрени извршувањата.

– Се надевав на помош од мој роднина во странство во време кога за мене нема никаква работа. Јас работев нешто хонорарно, а сметката веќе неколку месеци ми е блокирана. Но, кога отидов во банка ми кажаа дека не можам да ги подигнам парите, затоа што сметката се уште е блокирана. Кога ги прашав зошто не ми ја одблокирале кога на вести 100 пати кажаа дека привремено се сопрени извршувањата, ми кажаа дека тоа се однесува на новите предмети од април – вели нашиот соговорник.

Но, адвокатите што ги консултиравме сметаат дека согласно Уредбата за спроведување на Законот за извршување во вонредна состојба, донесена на 1 април, банките, како носители на платниот промет, се должни да запрат со постапување по издадените налози. Тие велат дека така пишува во Уредбата и се повикуваат на членот 2 според кој „носителите  на платен промет се должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите, во периодот определен со член 1 од оваа уредба со законска сила“. Во членот 1 пак е наведено дека тој период е до 30 јуни 2020 година.

Побаравме одговор во Министерството за правда кое е надлежно за спроведување на Законот за извршување, како тие го толкуваат тоа што банките, и покрај Уредбата, не вршат одблокирање на сметките.

– Во координација со Министерството за финансии се прават подготовки за решавање на проблемот со деблокада на сметките – ни одговорија од Министерството.

Сличен одговор добивме и од Министерството за финансии, но според изјавите, се уште не е прецизирано дали со измени на Уредбата ќе има целосна деблокада на сите сметки од извршители, или пак деблокада само за одредени уплати на пари.

– Се подготвува усогласувања на Уредбата за извршување, во насока на овозможување на субјектите со блокирани сметки да извршат исплата на платите, потоа на заштита на средствата добиени како финансиска поддршка или субвенција заради кризата со коронавирусот и сл. Уредбата со ваква содржина се подготвува во Министерството за правда и очекуваме многу наскоро да биде донесена – велат од Министерствто за финансии.

Премиерот Оливер Спасовски пак, во своето обраќање при презентацијата на вториот пакет на економски мерки рече дека носителите на платниот промет, односно банките, се должни да запрат со постапување по издадени налози.

– Се суспендира, односно запира законот за извршување до крајот на јуни. Извршителите ќе бидат должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија. Работодавците на должниците и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадени налози од страна на извршителите до крајот на јуни. Ова нема да важи само во случаи кога веќе парите се легнати на сметка на извршителите и тие ќе можат да ги префрлат парите на доверителите и во случаи кога се работи за алиментација за дете кон самохрани родители – рече Спасовски во своето обараќање.

The post Извршителите не работат за време на корона, ама сметките во банките останаа блокирани appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....