-2.2 C
Скопје
07:51 - 19 декември, 2024

Изборот на Владата условен од ДУИ-инг бизнис!

Конечно се случи и тоа, некој да му каже не на Али Ахмети. Не, на кадровската политика што тој ја спроведе во рамки на предложените решенија во извршната власт.
Иако тој се обидува да прикаже дека секогаш имало демократска дебата во партијата, повеќе од јасно е дека тој бил неприкосновениот лидер со авторитет стекнат како врховен командант на тогашната ОНА, во времето на воениот конфликт 2001.

Сегашниот револт во редовите на партијата доаѓа главно од доајените во ДУИ, од Чаир, Сарај, Липково, па и Струга и Луманово. 

Иако изгледа како тој револт да е насочен кон поставувањето на младите кадри на важни позиции во власта, всушност станува збор за удар насочен кон Ахмети, затоа што се чуствуваат изневерени и употребени. Ова особено што победата на изборите ја одработија токму скопските ограноци на партијата. 

Оттаму ова што сега се случува во партијата е своевидна контра револуција, или обид за државен удар врз лидерот Ахмети. Тоа секако би останало само внатре партиско превирање, доколку последиците не би се реперкуирале врз целокупниот политички амбиент во земјата. А тоа очигледно има за цел да го доведе во прашање изборот на новата Влада. И другите кадровски решенија на Ахмети се чини се проблематични. ДКСК гледа судир на интереси и во можноста пратеникот Флорин Бесими да гласа за својот брат Фатмир Бесими, инаку  кандидатот за министер во Владата на Заев. 

Како оваа пат позиција ќе ја изменаџира Ахмети останува да се види, но според објавите во некои медиуми на албански јазик, најверојатно предложените персонални решенија за одредени министерски позиции кои им припаднаа на ДУИ, ќе претрпат измени. Се говори дека под притисок на “бунтовниците” ќе дојде до рокада на личностите. 

Ваквите проблематични кадровски решенија уште на стартот од коалицирањето со СДСМ ја прави ДУИ нестабилен партнер во власта. 

Сепак ова е прв пат толку јавно и со таков интензитет да излезат на виделина несогласувањата во партијата. Тоа секако има своја предисторија во постанокот на ДУИ. 

По завршувањето на воените дејствија со потпишување на Охридскиот рамковен договор ОВК се трансформира во политичка партија. Но раководството на новонастанатата ДУИ е речиси целосно преземено од униформираниот состав на ОНА. Оттаму и субординацијата во дејствувањето на партијата. 

Но со текот на времето мудриот, или итар Ахмети во партијата прави своевидна револуција, привлекувајќи млад и образуван кадар врз кој се повеќе се потпира, а на сметка на ветераните од војната. Но, Ахмети сепак знае дека гласовите на избори може да ги добие со помош на кредибилитетот на старите кадри. Тие му требаат за пред народот, а младите за пред меѓународната јавност.  

Секако дека во несогласувањето со персоналните решенија за министри има и лична нетрпеливост. Трн во окото на  “еден” од бунтовниците не е толку Артан Груби колку што е Бујар Османи.  И таа нетрпеливост се чини тлее уште од времето кога Османи беше министер за здравство. Објаснувањето сега е наводно затоа што повеќе пати бил на извршни позиции. Но, толку бурна реакција немаше во јавноста за Фатмир Бесими кој е назначен за министер за финансии, иако тој има таков распон на министерски позиции на кој бил, што го прави буквално незаменлив човек за се на Ахмети. Беше два пати министер за економија, министер за одбрана, вице премиер за евро интеграции и сега за финансии, а своевремено Ахмети го местеше и за гувернер на НБРМ.

Очигледно фамилијата Бесими му е приврзана за срце на лидерот Ахмети па за пратеник го постави и братот на Фатмир, Флорин Бесими. 

Како и да е личното незадоволство кај некои членови на ДУИ ќе расте, но ќе биде добро ако остане во рамките на партијата и да не се прелева во функционирањето на Владата.

Дали овој преседан полека, но сигурно го делегитимира Ахмети како врховен авторитет во партијата, или пак е уште еден успешен маневар на стариот лисец, ќе покаже времето. 

Инаку пред лидерот и командант на ОНА се отвораат и нови предизвици како сведок пред хашкиот Трибунал, токму во ист период кога треба да се изгласа и новата македонска Влада во Собранието. 

 

The post Изборот на Владата условен од ДУИ-инг бизнис! appeared first on Слободен печат.


Изборот на Владата условен од ДУИ-инг бизнис! was first posted on август 23, 2020 at 4:13 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....