Денеска Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува од Клиниката за Државна кардиохирургија на домашно лекување, напиша претседателот на СДСМ, Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
-Испишавме историја во јавното здравство, во кардиохирургијата и горд сум на тоа. Горд сум на нашиот здравствен систем и стручноста на нашите здравствени работници. Оддавам почит до семејството на Емилија Динева, за алтруизмот што го покажаа на дело. Нема повредна работа од еден спасен човечки живот- стои во постот на Заев.
Остануваме посветени на унапредување на јавното здравство, неведува тој и продолжуваме максимално да се грижиме и за Иван и за сите наши пациенти!
The post Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува на домашно лекување (ФОТО) appeared first on Слободен печат.
Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува на домашно лекување (ФОТО) was first posted on јули 11, 2020 at 11:47 am.