4.8 C
Скопје
17:25 - 25 ноември, 2024

Истражување: Коронавирусот на лето ќе „запре“, потоа следи втор бран

Хрватскиот научник и професор Гордан Лауч на социјалните медиуми ја сподели веста за истражувањето на американскиот универзитет Харвард кој откри дека коронавирусот потешко се шири на високи температури, но и дека може да стане сезонска болест.

Анализата на ширење на вирусот на 3.739 локации по светот ја потврдија претпоставката за температурите кога станува збор за новиот SARS CoV-2 вирус.

– Временто се разбира не е единствен фактор, така да не треба да се релакцираме и да се вратиме на старите навики, но оваа вест ја буди надежта дека намалувањето на мерките, а тоа е нешто што во моментов се случува, нема да доведе до нов бран на пандемија.

Тоа значи дека што поскоро треба да ги отвориме училиштата и да им овозможиме на децата да имаат нормален крај на школската година.

Оние пак кои по медиумите тврдат дека строгуте мерки биле погрешни, ова е лоша вест, бидејќи потврдува дека без одлучните мерки во изминатите месеци ќе имавме рапиден раст на заразените, повеќе болни и починати во Хрватска.

Ова е лоша вест и за оние кои се залагаат за задржување или зголемувањена строгите мерки, бидејќи се покажа дека во овој период на годината и овие мерки се доволни- напиша Лауч.

Големото истражување кое се спроведе на Харвард, МИТ и други институции набљудувало како временските прилики, поточно зголеувањето на температурата и влажноста, делуваат на ширење на коронавирусот, пишува Вашингтон Пост.

Научниците проучувале 3.739 локации низ целиот свет и заклучиле дека просечните температури од над 25 степени значително го намалуваат ризикот од зараза.

Тие, меѓутоа, предупредуваат дека летото нема целосно да ја запре пандемијата.

Научниците забележуваат дека коронавирусот веројатно ќе се однесува како САРС и МЕРС, односно дека ќе ослабне кога времето ќе биде потопло, но и дека тоа значи дека бројот на инфекции ќе се зголемат на есен, пренесува хрватски Индекс.

Дејвид Хејман, професор на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, предупредува дека наодите на ваквите истражувања треба да се земат со голема внимателност.

– Тие се лабораториски истражувања. Тие не се реални ситуации. Ние сме секојдневни сведоци дека Ковид-19 се пренесува во повеќето делови на светот, дури и во тропските предели, истакна Хејман.

The post Истражување: Коронавирусот на лето ќе „запре“, потоа следи втор бран appeared first on Слободен печат.


Истражување: Коронавирусот на лето ќе „запре“, потоа следи втор бран was first posted on мај 17, 2020 at 11:33 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....