Протоколот за соработка меѓу галеријата „Матица српска“ од Нови Сад и Музејот на Југославија во Белград се договорил деновиве, а причина за соработка е реализацијата на изложбата „Колекција на слики од Јованка Броз“.
Работата на овој настан е продолжение на 10-годишната соработка меѓу овие две музејски институции кои покрај многуте заеднички проекти во 2014 го остварија проектот „Уметност и моќ – Пејзажи од колекцијата на Јосип Броз Тито“.
Проектот кој го вклучува животот на Јованка Броз премиерно ќе биде прикажан пред јавноста во мај 2022 во галеријата „Матица Српска“ во Нови Сд.
По смртта на Јованка Броз, во „Музеј на Југославија“ пристигнаа нејзини најразлични слики и предмети, а поради лошите услови во кои се наоѓале истите, биле обновени во одделот за конзервација на галеријата во текот на 2019 и 2020 година.
На оваа изложба ќе бидат претставени дела што зборуваат за интимниот свет на првата дама на Југославија, нејзиниот уметнички вкус и одраз на времето на историските околности во ликовните дела што го сочинувале нејзиниот простор за живеење.
Исто така, во план е да се снима серија за Јованка Броз, изборот на актери ќе се прави на просторот на бивша Југославија.
Серијата ја подготвува продуцентската куќа „Адреналин“, а сценариото го напиша Милана Влаовиќ Ковачек.
Извршниот продуцент на серијата, Теа Королија, изјави дека серијата „Јованка“ ќе ја следи приказната на главната хероина од човечки аспект.
Серијата ќе биде во копродукција со повеќе земји, па затоа предвидено е дека ќе се снима во Хрватска и Србија, како и во Русија и Египет.
Кој ќе ги глуми Јовнка и Тито сè уште не е познато за јавноста.
„Кастингот ќе го правиме во сите земји што некогаш ја сочинуваа Југославија“, изјави Королија.
The post Интимниот живот на поранешната прва дама на Југославијa, Јованка Броз, на изложба во Нови Сад appeared first on Слободен печат.
Интимниот живот на поранешната прва дама на Југославијa, Јованка Броз, на изложба во Нови Сад was first posted on септември 23, 2020 at 10:30 am.