2.8 C
Скопје
14:06 - 23 декември, 2024

ИНТЕРВЈУ со Благој Нацоски од Италија: Срамота е еден лекар помалку да заработува од еден фудбалер

Разговараме со нашиот најпознат оперски пејач во светот, Благој Нацоски, кој живее и работи во Италија.

Гледаме дека е многу сериозна ситуацијата со коронавирусот во Италија, како ти се снаоѓаш во целата ситуација?

– Едноставно се чувам што е можно повеќе, почитувајќи ги сите мерки и препораки. Како и да е, ситуацијата во Италија, бавно, но оди кон подобрување, преземените мерки почнаа да даваат резултати. Со оглед на тоа што Италија беше прва земја која е на силен удар од оваа епидемија, значи и прва воведе строги мерка, прва и ќе излезе во Европа. Иако за целосна нормализација на животот, мое мислење е дека без сериозна фармаколошка терапија и/или вакцина целосна нормализација на животот нема да има никаде на планетата. На пример, театрите, кината, концертните сали ќе бидат последни кои ќе отворат.

Сите настапи и културни настани се стопирани, како лично ја одржуваш својата кондиција на гласот?

 – Нема друг начин освен да вежбам и пејам секој ден. Во овој период дури го чувствувам гласот и „посвеж“, постојано одморен.

My Way

Publiée par Blagoj Nacoski sur Dimanche 5 avril 2020

А како ја одржуваш менталната кондиција?

 – Не знам ни самиот. На моменти се прашувам и самиот како успевам да бидам постојано оптимист, ведар и позитивен. Дури се трудам постојано истото да го пренесам и на другите, на моите најблиски, на пријателите, како и на фановите преку социјалните мрежи. Можеби токму увидувајќи дека таа моја ангажираност дава резултати, ме прави среќен и ми дава уште повеќе ентузијазам.

Дали италијанската Влада има предвидено некакви мерки за поддршка на уметниците кои останаа без ангажмани поради состојбава и веројатно, така ќе биде и во наредниве неколку месеци?

– Италијанската Влада во првиот месец од кризата даде една мала финансиска помош до сите нас уметниците, но навистина таа цифра е мизерна. За април, најверојатно ќе биде зголемена, но сепак незадоволителна ако земеме в предвид дека Германија им даде 5.000 евра на нашите колеги таму. Асоцијацијата на оперски пејачи, режисери, диригенти АСОЛИРИКА, во која јас членувам од нејзиното основање, работи секојдневно на случајот барем сите оние настапи што ни се откажани сепак да ни бидат платени, како што е впрочем и во другите европски земји. Тоа не би требало да претставува проблем од две причини. Прво, средствата за сите овие настани се одобрени уште во 2019 година така што тие средства нема да бидат нови, и второ, кое особено ме радува меѓу другото, за сите претстави во овој период, во сите италијански градови публиката не си ги бара назад парите од билетите или претплатите. Во овој контекст ќе ви дадам и друг пример: пред неколку години во Њујорк две претстави ми се откажаа поради тоа што беше прогласена дводневна вонредна состојба во градот поради невреме од снег, буквално градот беше блокиран и не можевме да излеземе од дома. Њујоршката Опера сепак, ми ги плати и двете откажани претстави.

A grande richiesta un altro duetto con il tenore Blagoj Nacoski 🎵#iorestoacasa

Publiée par Francesco Di Cello sur Mardi 31 mars 2020

Како тебе лично ти се смени погледот на светот од времето пред коронавирусот и денес?

 – Многу мисли ми се вртат во глава и веројатно и понатаму ќе ми се вртат околу ова прашање. За вирусот како вирус никој не е виновен, освен можеби за нас чудните навики да се јадат лилјаци или слично, но не се осудувам да судам ниеден народ за такво нешто. Нормално, во ова глобализирано време невозможно е да се спречи еден таков вирус да се рашири брзо насекаде. Единствено сметам дека во последниве триесетина години и повеќе, политичките претставници во сите земји на светот се тотално неспособни, односно нивните приоритети се погрешни. Се надевам дека сега ќе се свестат дека за здравството ниедна влада во светот не треба да штеди, дека треба силно да се поддржува науката, односно медицинските истражувања итн. Превенцијата спасува многу повеќе животи отколку да се делува во последен момент. Срамота е еден лекар помалку да заработува од еден фудбалер. Инаку ако ова може да го сметаме за Трета светска војна, дефинитивно Кина е победник со ниту еден испукан куршум. Од друга страна, дефинитивно САД не се повеќе лидер на светот.

Што прво ќе направиш откако ќе заврши целата оваа страшна ситуација?

– Ќе одам да си го видам моето семејство во Македонија.

Zajdi, zajdi, jasno sonce

🇲🇰🎶 One of the most beautiful Macedonian folk Songs… една од најубавите македонски песни… Uno dei più belli canti macedoni 🇲🇰🎶#stayathome #iorestoacasa #седисидоме #ќебидесèворед

Publiée par Blagoj Nacoski sur Lundi 30 mars 2020

We are the Champions

Freddie Mercury brought rock and opera together. In these days of solidarity and healing by Art, we would like to connect with our friends all around the world, from our homes, through this masterpiece.We would like to unite our voices for a better future.Сите заедно за подобра иднинаFor better future #stayathomeWe are the Champions Freddie Mercury (1946-1991)arranged by Orçun OrçunselRecorded by I phones:) @appleEditing-mixing and mastering by Murad Çobanoğlu#TogetheratHome #stayhome#staysthomeworld#Birlikte#evdekal#who#coronavirus#solidarity#türkiye#istanbul#paris#Genova #Düsseldorf#Skopje

Publiée par Blagoj Nacoski sur Jeudi 2 avril 2020

The post ИНТЕРВЈУ со Благој Нацоски од Италија: Срамота е еден лекар помалку да заработува од еден фудбалер appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....