Интернистот и ди-џеј Игро Спироски на својот Фејсбук профил редовно споделува искуства од својата професија, во која е секојдневно изложен на ризик поради новиот коронаворус. Овој пат вели дека се тестирал четири пари досега и овој пат како и претходните тестот е негативен.
Неговиот статус кој имаше голем број на допаѓа и споделувања на социјалните мрежи.
-Како останав негативен досега!? Денес го направив четвртиот тест годинава, негативен е. Антителата покажуваат дека сум немал контакт со овој тип на вирус. За себе сметам дека сум доста отворена и социјална личност со изложена работа во периодов (лекар), изложено хоби (музички селектор-диџеј ) и доста пријатели од најразлична провиниенција. Би сакал да го споделам со вас мојот начин на живот и со тоа можеби да придонесам за побезбедна есен/зима како и кон поадекватни мерки кои ги превзема владата. Истовремено да се заблагодарам на мојата институција – Кардиологија каде се одржува безбедна средина за работа како и на мојот прв и втор круг на пријатели со кои делиме ист ризик во времево-невреме- вели Спироски.
Тој вели дека на работното место не користи Н95 маска, користи обична заштитна, затоа што верува дека вирусот најмногу се шири преку флугеови капки (микроплуканка) од инфицирана личност.
-Редовно користам дезифициенс после секое влегување во затворена просторија. Неретко кога можам носам заштитни наочари или кога разговарам со пациенти ги користам и моите диоптриски очила како заштита. Со пациентите и колегите разговараме на дистанца и носење на заштитна маска. Во сала влегувам со вообичаена заштита и тоа е тоа, но биг деал. Со моето хоби ситуацијата е лесно поинаква. Прво селекцијата на музика што ја пуштаме се адаптира на новонастанатата ситуација slow grooves- атмосфера музика, второ местата каде пуштаме вообичаено добро го изолираат диџејот од останатите гости и се чувствувам безбедно. Трето не носам секогаш маска кога поминувам низ затворен простор, но добро пазам да се изолирам и себе и соговорникот од близок контакт и прелетување на флугеови капки- вели Спироски.
Користам дезинфициенс, вели тој, и вообичаено добро сум заштитен со внимателната услуга на местата каде што одам (одам само таму каде што има вакви услови).
-Е сега далеку од тоа дека сум цело време заштитен по пропишаните норми, но постојано мислам на дистанцата и на флугеовите капки. Последниот чекор е најпроблематичен… а тоа е социјализацијата. Не може човекот без социјализација, тоа е јасно. Изборот мој и на моите блиски пријатели е да го поделиме ризикот во дадена група која не е поголема од десет луѓе. Сите од нив имаат адекватен став и познавања за вирусот и неговите карактеристики и истовремено алфа зборувачот добива секогаш предупредување за тонот и близината за разговор. Се одржува дистанца и се инсистира на сопствен прибор во дружбите во затворен или отворен простор. Направен е круг во кој се дели ризикот. Избегнувам колку можам масовни собирања- потенцира тој.
Далеку дека сум 100 проценти заштитен, но повеќе не можам, истакнува Спироски во објавата.
-Муабетот ми беше, и на отворено и на затворено има огромна опасност во гужва и намалено растојание само заради олеснето ширење на микроплуканка од усна шуплина во друга шуплина или очна слузница, посебно кога не се носи маска. Посебно во есенски услови кога е зголемено движењето внатре надвор во местата. Според мене ова е ситуацијата на која треба да обрати внимание владата. Ограничена гужва и носење маски. Се друго е драконско и неадекватно, а посебно запирање на активноста на музиканти, музичари и музички селектори диџеи. Ве поздравувам и take care. Light&love“- напиша Спироски.
Kako ostanav negativen do sega!? Denes go napraviv chetvrtiot test godinava, negativen e. Antitelata pokazhuvaat deka…
Publiée par Igor Spiroski sur Lundi 5 octobre 2020
The post Интернистот и диџеј Спироски: Како останав негативен досега appeared first on Слободен печат.
Интернистот и диџеј Спироски: Како останав негативен досега was first posted on октомври 6, 2020 at 10:16 am.