Илјадници Израелци синоќа се собраа пред официјалната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим и покрај рекордниот број заразени со коронавирусот, повикувајќи го да си даде оставка бидејќи му се суди за корупција.
Демонстрантите, додека се движеа кон резиденцијата на Нетанјаху, носеа транспаренти на кои пишуваше „Револуција” и „Граѓаните пишуваат устав”.
Како што пренесуваат странските агенции, демонстрациите, кои се одржуваат за време на викендите во текот на летото, во голем дел се поттикнати од погрешните чекори на владата во справувањето со кризата со коронавирусот, по релативниот успех во раните фази на пандемијата.
Бројот на починати од вирусот надмина илјада и Израел сега размислува да воведе нови карантински мерки за да се спречи зголемувањето на бројот на заразени.
Во Израел во моментов има повеќе од 26.000 активни случаи на коронавирус.
Полицијата се судри со демонстрантите и во неколку наврати употреби водени топови за да ги растера од главните улици. Во последните недели собирите се помирни, но поголеми.
The post Илјадници демонстранти во Израел бараат оставка од премиерот Нетанјаху (ФОТО) appeared first on Слободен печат.
Илјадници демонстранти во Израел бараат оставка од премиерот Нетанјаху (ФОТО) was first posted on септември 6, 2020 at 9:04 am.