Властите на Федерацијата БиХ инсистираат на носење на маска и заштитни ракавици поради коронавирусот и ќе ги казнуваат прекршителите со 250 евра, и покрај препораките на Светската здравствена организација (СЗО) здравите луѓе да не носат маски.
Помошникот на федералниот министер за здравство Горан Черкез рече дека маските ги штитат незаразените лица и инсистира на тоа да се носат и на отворен простор.
– Маските не не штитат нас, туку оние од другата страна и ако имаме евиденција дека голем број на млади се заразени и немаат симптоми, а се движат, тогаш мора да се заштитат – рече Черкез на прес-конференција за новинарите.
Додаде: „Нашата процена во овој момент е дека е добро да се носат маски, но правилно, преку носот и цело време додека не дојдете дома“.
Епидемиологот Јелена Равлија од Мостар смета дека носењето на маска има бројни дополнителни предности.
– Маската секако е од помош…Ве држи во состојба на подготвеност, да не се допирате по лицето и очите, и самото тоа е позитивна работа – смета др. Равлија.
Официјалните лица на СЗО им препорачаа на луѓето да не носат маски за лице, освен ако се заразени со коронавирус или ако негуваат болно лице.
– Нема конкретни докази кои би упатиле на тоа дека масовното носење на маски е потенцијално корисно. Но, неправилното користење на маски може да донесе повеќе штета отколку корист во борбата против ширењето на вирусот – рече директорот на СЗО за вонредни состојби, др. Мајк Рајан.
СЗО: Неправилното користење на маска може да донесе повеќе штета отколку корист против коронавирусот
The post И покрај препораките на СЗО: БиХ ќе ги казнува луѓето кои не носат маска appeared first on Слободен печат.