2.8 C
Скопје
12:17 - 23 декември, 2024

Холандски виролози загрижени: Има случаи на повторно заразување со коронавирус

Двајца пациенти, еден во Холандија и еден во Белгија, повторно се заразени со коронавирус, објави денеска холандската телевизија НОС, повикувајќи се на виролози.Веста е објавена по извештајот на научниците во Хонг Конг оваа недела за маж кој бил повторно заразен четири и пол месеци откако се излекувал од Ковид-19.

НОС ја пренесува изјавата на вирологот Марион Коопманс, која рече дека холандскиот пациент е постара личност со ослабен имунитет.

Таа рече дека има повеќе познати случаи кога луѓето долго време страдаат од вирусот, а потоа тој се разгорува.

Сепак, вистинската реинфекција, како што е запишана во случаите во Холандија, Белгија и Хонг Конг, бара генетско тестирање на вирусот во првата и втората инфекција за да се види дали вирусите се разликуваат.

Коопманс, советник во холандската Влада, рече дека се очекуваат повторни зарази и дека треба да се утврди дали тоа често се случува.

– Белгискиот пациент имал благи симптоми, но тоа не е добра вест, рече вирологот Марк Ван Ранст.Според него, овој случај покажува дека антителата што пациентот ги развил при првото изложување на вирусот не биле доволни за да се спречи втора инфекција со малку поинаква варијанта на вирусот.

Ван Ранст вели дека не е јасно дали ваквите случаи се ретки или има „многу повеќе луѓе кои би можеле повторно да се заразат по шест или седум месеци”.

The post Холандски виролози загрижени: Има случаи на повторно заразување со коронавирус appeared first on Слободен печат.


Холандски виролози загрижени: Има случаи на повторно заразување со коронавирус was first posted on август 25, 2020 at 10:47 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....