Двајца здравствени работници во Њујорк се самоубија за време на викендот, што ги потврдува студиите кои наговестуваат раст на самоубиствата меѓу медицинскиот персонал.
Студиите наговестуваат раст на стапката како резултат на тешките услови на работа за време на пандемијата на коронавирусот.
Џон Мондело (23) во петокот изврши самоубиство со пиштолот од неговиот татко, после помалку од три месеци работа во итната служба, каде се вработи по завршување на Академијата за итна медицинска помош. Само два дена подоцна докторката Лорна Брин (49) еден од шефовите на Одделението за итна помош во болница во Њујорк го направила истото.
Двајцата работеле во најсиромашните делови на Њујорк, кои покрај сите проблеми на животот, ги пустошеше и пандемијата на коронавирусот. Тие биле директни сведоци на ситуацијата и кога во градот на секои три минути умирала по една личност, кога со машини ги фрлале труповите во фрижидери и кога немало заштитна опрема, наведуваат американските медиуми.
Таткото на Лорна, Филип вели дека во болницата каде работила, пред нејзини очи од почетокот на кризата до 7 април починале 59 луѓе и наведува дека таа претходно немала никакви ментални проблеми.
Таа заболела од коронавирусот, но се вратила на работа кога нејзиното здравје се подобрило.
Мондело веднаш по завршување на Академијата, бил „фрлен во оган“ во станицата за итна помош каде имало најмногу повици дневно во целиот Њујорк, а во делот каде луѓето страдале двојно повеќе отколку во останатите делови на градот.
Како што велат неговите пријатели, тој не можел да ги издржи веќе сцените на умирање на стари, млади, деца, сираци.
Медиумите укажуваат дека тие биле херои, кои не издржале.
Во Њујорк моментално позитивни се 162.000 луѓе, а починати се 17.682.
Експертите за ментално здравје сметаат дека ситуацијата ќе се влоши за време на кризата предизвикана од коронавирусот, која би можела да ја зголеми стапката на самоубиства за 32 отсто, а најзагрозени се здравствените работници.
Истражувањата претходно откриле дека стапката на самоубиства меѓу медицинските сестри и техничари заначајно поголема од луѓето што работат друга струка.
The post Хероите кои не издржаа appeared first on Слободен печат.