10.8 C
Скопје
14:08 - 24 ноември, 2024

Граѓаните гневни на ЈСП: Мајтап си играат со народот!

Од денеска автобусите од јавниот градски превоз повеќе нема да возат во две смени, па возилата ќе сообраќаат од 5 до 19 часот, но повторно по саботен возен ред, со исклучок се линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред. Ваквата одлука предизвика бројни негативни реакции од граѓаните, кои ги користат услугите на ЈСП и на приватните превозници. Тие бараат бројот на автобуси да се зголеми и да возат по делничен возен ред затоа што мнозинството граѓани редовно одат на работа и намалениот број возила не одговара на нивните потреби.

-Мајтап си играат со народов. Па ова пак е саботен ред! Пуштете ги линиите на автобусите да си возат по нормален возен ред од понеделник до петок, како може вака? Не им го отежнувајте дополнително животот на граѓаните. Срамота. – реагира Валентина од Скопје на Фејсбук страната на ЈСП.

Во мноштвото коментари објавени под соопштението на ЈСП скопјани бараат да се воведат дополнително автобуси до дел од приградските населби за каде последниот е до 16 или 17 часот, посочувајќи дека потоа не можат да се вратат дома од работа. Реакции има и за тоа дека и покрај редовно платената месечна карта во полн износ, поради проблемот со автобусите дел од нив мораат да користат автомобили или такси превоз што сериозно влијае врз нивниот семеен буџет. Луѓето се огорчени и поради тоа што поради малкуте возила за јавен превоз се создаваат големи гужви во автобусите, без услови за почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

-Скафандер треба за гужвите што вие ги правите со редуциран превоз. И уште сега на жештиниве, еден врз друг кога ќе дочекаш автобус. Вие треба да одговарате за загрозување јавно здравје и безбедност, на страна парите и психичкото малтретирање со месеци. Дури и да поминете неказнети, народот ова не го заборава, бидете сигурни. Мизерија! – пишува во еден од коментарите на грашаните  под соопштението на ЈСП на Фејсбук.

Реакциите и незадоволството на скопјани во изминатиот период не наиде на разбирање на надлежните. Тие процениле дека во услови кога училиштата и факултетите не работат, а голем дел од вработените своите работни задачи ги извршуваат од дома, на улиците возат доволно автобуси.

Од ЈСП соопштија дека и натаму нема да важат бесплатните средношколски и студентски билети, како и бесплатниот превоз за пензионери во вторник, петок, сабота и недела.

-Од понеделник ќе почнат да работат и сите билетарници на ЈСП „Скопје“ и центри за персонализација. Од 6 до 17 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, во ГТЦ, кај Пошта, во Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, билетарниците на Зелен пазар, кај пазарот во Бутел, во Маџари, Кисела Вода, Драчево, како и билетарниците кај ЈСП Дирекција, во населба Даме Груев, во Сарај, кај Дом на печат и во Карпош 4 – информираат од ЈСП.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Автокоманда (кај Шумарски факултет), Аеродром, Карпош 2, на Бит-пазар и на Транспортен центар (автобусот).

Од 6 до 13 часот ќе бидат отворени билетарниците кај старото кино во Бутел, Лисиче, Радишани и во Железара. Во истиот период ќе бидат отворени центрите за персонализација во Влае и во просториите на ЈСП Турс во Градски ѕид.

И натаму се укинати трите автобуски линии 25, 25А и 25Б што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур”, а нема да работи и жичарницата.

The post Граѓаните гневни на ЈСП: Мајтап си играат со народот! appeared first on Слободен печат.


Граѓаните гневни на ЈСП: Мајтап си играат со народот! was first posted on мај 18, 2020 at 8:57 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....