-3.2 C
Скопје
21:20 - 22 декември, 2024

Гласини дека алкохолот го лекува коронавирусот однесе 27 животи во Иран

Во Иран 27 лица починаа од труење со алкохол, по гласините дека алкохолните пијалаци лекуваат од новиот коронавирус, јави иранската новинска агенција ИРНА.

Иран, по Кина и Италија, е една од најтешко погодените земји од Ковид-19.

„ИРНА“ соопшти дека 20 лица починале од труење со алкохол во покраината Хузестан, а седуммина во Алборз, покраина која граничи со Техеран. Агенцијата, повикувајќи се на локалните здравствени власти, соопшти дека 2018 лица биле примени во болница поради труење со алкохол.

Конзументите поверувале на „гласините дека алкохолот помага во лекувањето на болеста предизвикана од коронавирус”, појаснува „ИРНА“, потсетувајќи дека во таа земја продажбата и пиењето алкохол се незаконски.

The post Гласини дека алкохолот го лекува коронавирусот однесе 27 животи во Иран appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....