Налетот на коронавирусот и понатаму не попушта. Повеќе земји забележуват пораст на новозаразените откако започнаа со укинување на рестриктивните мерки кои беа воведени за да се спречи ширењето на вирусот.
Држaва која важи за една од оние кои најдобро се носат со пандемијата од коронавирусот е Турција. Иако земјата брои 83 милиони жители, до сега се регистрирани нешто повеќе од 5.700 жртви, а тоа ја бројува во земјите кои одлично се борат со налетот на вирусот.
На пример Обединетото Кралство има доста помалку жители, односно 66 милиони, но затоа од коронавирусот таму досега починале повеќе од 46.000 луѓе.
Во што е тајната?
Како што наведуваат експертите, Турците прават многу тестови, а во меѓувреме започнаа со производство на сопствена верзија на хлорокин. Меѓутоа, едно од најважните оружја во борбата против пандемијата се таканаречените „Ковид – 19 детективи“.
Турција успеа да тестира милиони луѓе, а во последните четири недели бележи повеќе пациенти кои оздравеле, отколку заразени.
Професорот Нуретин Јијит, еден од водечките турски доктори, за „Скај“ вели дека земјата успеала да одржи ниска стапка на смртност, поради тоа што направила многу тестови, но и мрежа на истражувачи кои ги откриваат инфицираните пациенти, односно ткн. „ковид детективи“.
Според тоа што пишуваат странските медиуми, 8.500 тимови сочинуваат 16.3000 „детективи“ кои ширум земјата пронаоѓаат заразени пациенти. Секое дете, член на семејството, познаник, колега од работа или пак таен љубовник/љубовница, кои се позитивни на тестот за коронавирус, мораат да останат во изолација 14 дена.
Здраствените работници ги следат тие кои се во изолација, а се тестираат веднаш штом почуствуваат симптоми. Третманот започнува рано, односно додека болеста е во благ облик. Тестирање, лекување, лекови и опоравувањето во болница се бесплатни.
„Не сакаме да не лажат“
Фатих е еден од 39 дистрикти во Истанбул кои имаат сопствена мрежа на трагачи, односно детективи. Според проценките, низ Фатих во текот на денот поминуваат околу 4,5 милиони луѓе, дали тоа е за работа или пак поради некоја посета.
Докторката Мелек Нур Асла, директорка на здраствен дистрикт во Фатих има 40 тимови под своја контрола. Исто така, формирана е телефонска линија која работи 24 часа и достапна е на луѓето за сите прашања. Вработените обични ги прашуваат да се сетат со кого биле во контакт последните 14 дена.
– Не сакаме да не лажат. Обично ги тераме да се сетат на луѓето, локацијата, некоја ситуација за која мислат дека ја заборавиле. Навистина сме како детективи – изјавила др. Малек.
The post Ги откриваат и тајните љубовници: Кои се „ковид детективите“ на Ердоган кои се борат против короната! (ФОТО) appeared first on Слободен печат.
Ги откриваат и тајните љубовници: Кои се „ковид детективите“ на Ердоган кои се борат против короната! (ФОТО) was first posted on август 4, 2020 at 8:30 pm.