-4.2 C
Скопје
00:17 - 23 декември, 2024

Германците не се тревожат иако коронавирусот се појави во 40 училишта во Берлин

Зараза од коронавирус е забележана во повеќе од 40 училишта во германскиот главен град Берлин, само две недели откако почна наставата, јавува Берлинер Цајтунг.

Десет наставници и вработени како и стотина ученици се во самоизолација. Во Берлин се наоѓаат вкупно 825 училишта.

Иако бројките се чинат драматични, Берлинер Цајтунг пишува дека тие всушност покажуваат дека моменталниот систем функционира. „Во повеќето случаи се работи за зараза само кај еден ученик, наставник или вработен. Засега нема информации дека вирусот се шири внатре во училиштата“, пишува весникот.

Сепак, многумина се прашуваат дали мерките кои Германија ги донесе се доволно строги. Учениците во Белин мора да носат маски во ходниците од училиштето, во текот на одморот и кога влегуваат и излегуваат од училиште, но смеат да не ги носат во текот на наставата.

Бројот на нови случаи на коронавирус во Германија расте од крајот на јули, а локалните власти за виновни ги сметаат повратниците од странство.

The post Германците не се тревожат иако коронавирусот се појави во 40 училишта во Берлин appeared first on Слободен печат.


Германците не се тревожат иако коронавирусот се појави во 40 училишта во Берлин was first posted on август 21, 2020 at 6:06 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....