„Не се работи за тоа дека треба да ги спречиме луѓето да дојдат во контакт со вирусот, ова е пандемија и не може да се запре“, се вели во прилогот на германската телевизија.
Експертите претпоставуваат дека најмалку 2/3 од луѓето во Германија ќе дојдат во контакт со вирусот и ќе се разболат. 80 отсто лесно ќе излезат на крај со вирусот, но на останатите ќе им треба лекарска помош, а околу 6 отсто од нив ќе завршат на интензивна нега. Во Германија тоа се милион жители“.
Ovo je sa jučerašnjih nemačkih vesti. Najbolji i najrealniji snimak koji sam video do sada o ovoj situaciji oko virusa. Preveo sam i titlovao, da svi mogu da razumu šta čovek priča. I nemojte zameriti po neku gramatičku grešku. pic.twitter.com/vwaLDbIDxp
— Daniel Kugler (@DaneKugler) March 15, 2020
„Ако дозволиме вирусот експоненцијално да се шири, тој би го заразил целиот медицински персонал. Се работи на тоа периодот за зараза да се развлече на што подолг период. И натаму ќе се разболува истиот број на луѓе, но на подолг период. Ситуацијата ќе се смири и сите ќе можат да добијат помош. Поради тоа е важно што помалку да се шири заразата сега на почетокот и затоа се важни мерките, како миење на раце, држење растојание и забрана на собири. Пред се за најслабите меѓу нас“.
The post Германската телевизија објаснува зошто основната хигиена прави чудо за заштита од коронавирусот appeared first on Слободен печат.