1.8 C
Скопје
19:30 - 19 декември, 2024

Геостратешки надмудрувања на Кина и САД за доминација во светот по завршувањето на пандемијата

Кина прикажувала лажни и некомплетни бројки на заразени и смртни случаи од коронавирус се дознава од извештајот на американските разузнавачи доставен до Белата куќа, јавува „Блумберг“.

Кина прикажала околу 82.000 заразени лица и околу 3.300 смртни случаи. Блумберг укажува на извештаи за илјадници наредени урни со пепел во близина на мртовечници во провинцијата Хубеи, по што се појавил сомнеж во јавноста за бројките објавени од официјален Пекинг.

Американските разузнавачи во извештајот до Белата куќа наведуваат и дека настапите во јавност на кинескиот претседател Си Џипинг без маска на лице е обид на комунистичката власт во Пекинг да му порача на светот дека Кина го победила вирусот, наспроти западот, кој засега неуспешно се бори против пандемијата.

САД во изминативе недели додека трае пандемијата, на неколкупати изразија сомнеж во постапките на Пекинг. Во почетокот ја обвинуваа Кина дека долго време ја криела појавата и ширењето на  опасниот вирус корона, дека ја криела вистинската бројка на починати и зарзаени, а сега Кина е обвинета дека се уште има новозаболени, а во јавноста прикажува дека е ставен крај на болеста. И додека вниманието на светската јавност е преокупирано со пандемијата, големите супер сили Вашингтон и Пекинг, продолжуваат геостратешки да се надмудруваат со цел да се стекнат со подобри позиции во светот по запирањето на пандемијата на коронавирусот.

Многумина експерти и геостратешки аналитичари тврдат дека Кина во моментов се стекнува со огромна предност: Пекинг најави крај на пандемијата во Кина и ја рестартираше својата економија. Наспроти неа, САД се уште се затворени и трпат огромни финансиски и економски удари поради целосно запреното прозиводство. Особено што сега сите ресурси се ставени на располагање на здраствениот систем, додека Кина најавува инвестиции и продолжување на проектите кои беа стопирани пред појавата на пандемијата.

На полето на меѓународните односи, Кина се стекнува со предност земајки ја улогата за светската набавка на медицинските залихи и започна да ја води хуманитарната акција во светот. Ова му овозможува на Пекинг да им помага на државите во светот во медицинска опрема и медицински кадар.

И додека Европа се бори со растечкиот удар на пандемијата, а ЕУ не успева координирано да настапи во помошта за своите земји членки, Кина веќе упати голема медицинска помош во опрема и медицински кадар, така приближувајки се кон некои држави членки на унијата кои важат за сојузници на САД. Во јавноста веќе излегоа жестоки критики на сметка на ЕУ и САД од државите кои се најмногу погодени. Италија ја критикуваше ЕУ дека е себична наспроти како што беше речено, кинеските браќа кои несебично помагаат во борбата против пандемијата.

Вашингтон и Брисел се загрижени од фактот дека Кина станува се посилна и подоминатна во Европа и во државите кои се сметаат за американски сојузници. Се стравува дека по завршувањето на пандемијата многу од овие држави ќе ја преземаат кинеската, а не американската технологија. Особено најавената 5Г технологија, која беше една од причините за започнување на трговската војна меѓу САД и Кина, која очигледно трае и за време на пандемијата. Токму загрозената доминација во светот, може САД во иднина да ги наведе да започнат со градење на некои нови сојузништва со цел да ја запрат кинеската експанзија.

The post Геостратешки надмудрувања на Кина и САД за доминација во светот по завршувањето на пандемијата appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....