-3.2 C
Скопје
03:39 - 23 декември, 2024

ФРАНЦИЈА: Здрава тинејџерка почина од коронавирус, мајката низ солзи раскажува за трагедијата

Никој не е заштитен од подмолниот коронавирус, а потсетник за тоа е трагичната приказна за 16-годишното девојче од Франција, Жули. Енергична и полна со живот, средношколка во средното училиште Есон, почина во вторникот од инфекција на белите дробови во болница во Париз. Според нејзините роднини, таа немала хронично заболување и растела како здраво дете. Тинејџерката стана најмладата жртва на коронавирус во Франција и, според некои, најмладата во Европа.

„Таа сакаше да танцува, да пее, да ги натера луѓето да се смеат. Едноставно не можеше да застане на едно место “, ја опишуваат Жули, нејзините родители.

„Не може да се живее“, вели уништената мајка Сабин. Таа во изјава за АФП открива дека девојчето пред една недела имало блага кашлица дека било третирано со сируп, билки и инхалации. Во саботата, сепак, Жули почнала да се задушува, објави Днес.бг.

„Тешко и беше да земе здив. Потоа почна да кашла “, се сеќава мајката. Така, во понеделникот тие решиле да одат на лекар. Повикале Брза помош. Пристигнал тим во заштитна облека за да ја однесе девојката која носела маска за кислород. Жули била однесена во најблиската болница во Есон.

Сабин се враќа дома. Кога се јавила во болницата еден час подоцна, и кажале дека девојчето било прегледано на скенер и дека „нема ништо сериозно“. Ѝ направиле тест за коронавирус и се чекаат резултатите.

Состојбата на Жули се влошува во текот на ноќта и таа е итно однесена на детското одделение во болницата Некер, Париз. Таму и направиле уште два теста.

Во вторникот ученичката веќе е на интензивна нега. Но, таа е сè уште свесна. Кога мајка и дошла да ја види, таа речиси и да немала сила да зборува, но рекла: „Ме боли срцето“.

И двата теста даваат надеж – тие се негативни. „Докторот дури ми крена палец и ми рече дека сè е добро“, продолжува мајката. Доцна е и Сабин си оди дома со намера да дојде следниот ден.

Но, доцна во вечерните часови, таа била повикана – стигнале резултатите од првиот тест, кој беше позитивен. Во меѓувреме, состојбата на девојчето се влошува до таков степен што таа е интубирана. „Не можев да верувам во тоа, мислев дека не се во право. Зошто овој резултат дојде толку доцна? “, се жали мајката.

„Од самиот почеток повторуваат дека младите луѓе лесно поминуваат. И ние верувавме, како и сите други “, се придружува Манон, постарата сестра на Жули.

Кратко по полноќ, стигнува нов повик: „Дојди брзо!“ „Сега сум во паника“ – продолжува мајката. „Веднаш знаев дека се случило нешто страшно. Кога пристигнав, таа беше помодрена “.

Во 1 часот по полноќ Жули починала. Мајката ја допира нејзината рака, чувствувајќи ја се уште нејзината топлина преку заштитните ракавици. Потоа ѝ соопштуваат дека е крај, никогаш повеќе нема да ја види својата ќерка. Во време на пандемија, правилата се строги. Таа не може да земе ништо од работите на ќерка ѝ – тие ќе бидат изгорени. Таа дури и не може да го земе синџирчето со крст околу нејзинито врат.

Го носат телото во болничката мртовечница. Оттука ќе го одведат на погреб. Нема да има церемонија. „Моравме да го одбереме ковчегот истиот ден. Не можевме ниту да ја облечеме, немавме право “.

Во четвртокот, откако властите официјално ја објавија смртта на Жули, телевизиите почнаа да повторуваат дека 16-годишно девојче починало. „Беше неподносливо затоа што тоа беше моето дете“, вели мајката. „Никогаш нема да добиеме одговор зошто тоа ѝ се случи на неа“.

The post ФРАНЦИЈА: Здрава тинејџерка почина од коронавирус, мајката низ солзи раскажува за трагедијата appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....