Семејството на седумкратниот Формула 1 шампион се одлучи здравствената состојба да ја скрие од јавноста, но и од голем дел од пријателите и поради тоа не се знае вистинската состојба на Михаел Шумахер.
Сепак, англискиот весник „Мирор“ пишува дека Шумахер минатата година бил тајно снимен во болнички кревет. Тоа се случило во неговата вила на Женевското Езеро и според весникот, непозната личност ги изнела фотографиите од куќата.
Сега тие фотографии вредат вистинско богатство, на црниот пазар се понудени за неверојатни 1.2 милиони евра (еден милион фунти).
„Мирор“ исто така објави дека кога сопругата на Михаел, Корина Шумахер, дознала за фотографиите, случајот го пријавила кај швајцарските и германските судски власти и се шпекулира дека токму поради тоа никој не сака да ги објави фотографиите плашејќи се од мултимилионски тужби.
The post Фотографии од Шумахер во болнички кревет вредат вистинско богатство appeared first on Слободен печат.