6.8 C
Скопје
15:50 - 22 декември, 2024

ФОТО: Жителите на Тафталиџе ќе одлучуваат за изгледот на улица „Париска“

Жителите од населбата Тафталиџе 1, особено оние кои живеат на улицата „Париска“ се заинтересирани со своите предлози и идеи да учествуваат во претстојната реконструкција на улицата. Неодамна Општина Карпош ги повика да земат учество и сами да одлучуваат околу идниот изглед на „Париска“, што досега не е вообичаена практика за локалните власти.

– Вклучувањето на граѓаните кои се директно или индиректно засегнати со реконструкцијата на улицата „Париска“ преку јавен повик од локалната самоуправа, резултрираше со голем одзив и растечка заинтересираност кај жителите од овој дел од општината. Граѓаните на овој начин имаат шанса најдиректно да учествуваат во креирањето на своето опкружување, во случајов инфраструктурата – објаснуваат од Карпош.

Досега, како што велат оттаму, по сите канали на комуникација, телефонски, на мејл и преку апликацијата „мЗаедница“, проистигнале дваесеттина сугестии и предлози околу тоа како би требало да изгледа „Париска“. Од Општината истакнуваат дека покрај индивидуалните сугестии од некои жители на овој дел од Карпош, најчесто пристигнуваат колективни барања, односно обраќања од цели куќни совети или група на граѓани.

– Најголемиот дел од предлозите се однесуваат на хигиената, рекреацијата на страничните простори, или како што велат самите: „Сакаме чиста улица на која се рамноправни сите, пешаците, лицата со посебни потреби, велосипедистите и автомобилите“. Многу често граѓаните потсетуваат дека задолжително треба да има велосипедска патека која ќе комуницира со велосипедските патеки по другите булевари и улици – велат од Општина Карпош.

Општината аплицираше за средства за реконструкција на улицата „Париска“ во рамки на проектот за поврзување на локалните патишта, кој го спроведува Министерството за транспорт и врски со поддршка на Светска банка, но еден од критериумите беше вклучување на граѓаните во сите фази од реконструкцијата – од увид во проектната документација до мониторинг на изведбата на градежните работи.

– Вклученоста на граѓаните ќе биде во сите претстојни фази од имплементација  на проектот,  спосебен акцент на заштитата на животната средина, односно граѓаните, во интерес на транспарентноста ќе бидат вклучени во секоја наредна фаза на работа, сé до предавање на улицата во употреба – прецизираат од Општината.

Реконструкцијата на улицата треба да започне по завршување на сите неопходни процедури кои се пропишани од инвеститорот Светска банка , а од Карпош очекуваат  тоа да биде во првиот квартал од идната година.

Улицата „Париска“ е една од пофреквентните во овој дел од Карпош, долга 406 метри.

The post ФОТО: Жителите на Тафталиџе ќе одлучуваат за изгледот на улица „Париска“ appeared first on Слободен печат.


ФОТО: Жителите на Тафталиџе ќе одлучуваат за изгледот на улица „Париска“ was first posted on ноември 2, 2020 at 11:24 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....