11.8 C
Скопје
02:33 - 18 мај, 2024

Фирмите со помал профит за оданочување, државата со помали инвестиции

За цела 2019 година државната каса се наполнила со 3,315 милијарди евра, а овој износ е 96,8 отсто од она што е планирано со ребалансот на буџетот кога буџетските очекувања се намалија за 48,2 милиони евра од првобитно скроениот буџет.

Реализацијата на расходите е 95,3 отсто, односно планирани биле 3,71 милијарди евра, а се собрале 3,53 милијарди евра.

На приходната страна најголемо потфрлање имало кај данокот на добивка каде што се собрале 75,5 отсто од планираните приходи. Со буџетот е планирано добивките на компаниите да донесат во државната каса 248,8 милиони евра. Овој износ не е сменет ни со ребалансот на буџетот. Но, до крајот на годината од данок на добивка се собрале 187,8 милиони евра, односно компаниите пријавиле многу помали добивки од она што се очекувало.

Според даночниот експерт Павле Гацов, помалата наплата на данокот на добивка не е резултат на намалување на економската активност на компаниите.

– Послабата наплата на приходот од данок на добивка за 2019 година не произлегува од ослабената домашна економија туку од начинот на формирање на даночната основа, особено кај поголемите даночни обврзници, кои имаат доминантно учество во македонската економија. Имено токму ваквото усогласување на даночната основа, направи приходите од данок на добивка за 2018 година да бидат натфрлени за 30 отсто во однос на претходната година. И тоа натфрлање не беше предизвикано од силината на македонската економија, туку од начинот на формирањето на основата за оданочување кај даночните обврзници. Имено, некои од ставките со кои се формира даночната основа на обврзниците зависат од постапувањето во рамките на извештајната година, а не од самиот финансиски резултат. Таков беше случајот со овие две последни фискални години  – вели Гацов.

На расходната страна најголемото потфрлање се должи на капиталните трошоци каде што реализацијата за нови училишта, патишта, гасоводна мрежа, енергетски и на други капитални проекти е 78,4 отсто во однос на ребалансот на буџетот. За оваа намена во 2019 година се потрошени 289,6 милиони евра, а со ребалансот на буџетот биле планирани 369,2 милиони евра, додека проекцијата во првичните пресметки за државната каса биле дека за оваа намена ќе се потрошат дури 422,3 милиони евра.

Нискатa реализација на капиталните инвестиции е редовна практика во извршувањето на буџетот, а минатата година таа беше особено ниска и многу критикувана. За да се стимулираат институциите што повеќе да го трошат буџетот наменет за инвестиции, Министерството за финансии на својата веб-страница објавува реализација на капитални расходи поединечно за секоја институција. Меѓу оние со најниска реализација се Фондот за здравствено осигурување, Државниот инспекторат за локална самоуправа, а Министерството за здравство има реализација од  63,8 отсто, Министерството за култура од парите за капитални расходи потрошило 70,8 отсто, Агенцијата за млади и спорт 53,6 отсто, Министерството за транспорт и врски 85,4 отсто, Министерството за животна средина 84 отсто, а Министерство за економија 62,7 отсто.

The post Фирмите со помал профит за оданочување, државата со помали инвестиции appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....