13.8 C
Скопје
16:45 - 27 ноември, 2024

Филипче: Не бев нападнат, туку граѓанинот бараше помош

Обезбедувањето на Министерството за здравство утринава викнало полиција зашто вознемирен граѓанин на скалите од зградата со повишен тон барал да се сретне со министерот за здравство Венко Филипче, дознава Слободен печат.

Министерот Венко Филипче ни рече дека не дошло до напад, туку дека човекот бил вознемирен затоа што бил на мака.

-Рече дека не го примале во болници, па бараше помош. Не дојде до никаков напад, обезбедувањето се вознемирило и повикало полиција превентивно. Граѓанинот дојде со документи и бараше помош за здравствена состојба. Јас го примив, поразговаравме, го упатив каде да оди, си имаше мака, му дадов телефон да ме бара и подоцна да видиме што ќе направи во болница, ни рече Филипче.

Според полициската белешка, утринава во 7 часот и 15 минути од Одделот за обезбедување пријавено е машко лице како седи на скалите пред Министерството за здравство. Од Страна на полициска станица Центар испратена е служба која констатирала дека се работи за лицето А.А. родено 1987 година. Лицето кај себе немало оружје. Лицето се состанало со министерот за здравство разговарале за некој проблем што го имал на една од клиниките и потоа си заминало, стои во полициската белешка за настанот.

The post Филипче: Не бев нападнат, туку граѓанинот бараше помош appeared first on Слободен печат.


Филипче: Не бев нападнат, туку граѓанинот бараше помош was first posted on мај 21, 2020 at 10:14 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....